• четврток, 25 јули 2024

Мигрантското прашање и ситуацијата во поширокиот регион во фокусот на телефонскиот разговор Христодулидис – фон дер Лајен

Мигрантското прашање и ситуацијата во поширокиот регион во фокусот на телефонскиот разговор Христодулидис – фон дер Лајен

Никозија, 15 април 2024 (МИА) – За последните случувања во регионот со ескалација на кризата и општите негативни последици што произлегуваат, особено во мигрантското прашање, телефонски разговарале претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како што соопшти портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис, јави дописничката на МИА од Атина.

Христодулидис и фон дер Лајен разговарале и за можноста за обезбедување на дополнителен пакет финансиска поддршка за Либан за справување и со економските проблеми и за управување со миграцијата и се договориле заедно го посетат Либан.

Станало збор и за зголемениот број бегалци од Сирија кои по морски пат пристигнуваат на Кипар, што доведе кипарската Влада да одлучи прекинување на разгледувањето на барањата за азил за сите лица со сириско потекло и било договорено оваа тема да се разгледа и на претстојниот Европски совет на 17 и 18 април. ср/
 

 

 

Остани поврзан