• понеделник, 20 мај 2024
МИА Радио флеш

7 декември 2023 

- Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го повика претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ги достави доказите што, рече дека ги има за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, а кој синоќа во телевизиско интервју говореше за овој случај.

-Што се однесува на коментарите на лидерот на опозицијата, тој во многу случаи се има поставено како истражител и како обвинител итн., нема да навлегувам во тоа со што сака да се бави. Меѓутоа прикривање на докази, за коишто вели дека ги има е исто така кривично дело и затоа доколку има докази треба сите да ги достави до Министерството за внатрешни работи или до Обвинителството, бидејќи се работи навистина за еден грозоморен чин, којшто е направен од нелуѓе и коишто треба да бидат изведени пред лицето на правдата и согласно законите да бидат најстрого казнети, изјави Ковачевски.

- Граѓаните плаќаат субвенционирана цена на електрична енергија во нашата држава благодарение на субвенциите коишто ги обезбедува Владата од буџетот, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски кој денеска одговараше на прашање како граѓаните ќе заштедат 1.000 денари со воведување на дневната евтина тарифа на струјата од 13 до 15 часот. Ковачевски посочи дека на секоја сметка која што граѓаните ја добиваат од универзалниот снабдувач, а тоа е ЕВН точно е наведено во кој опсег колку електрична енергија трошат и колку е субвенцијата од државниот буџет.

- Министерот за информатичко општество и аминистрација Азир Алиу очекува до средината на јануари да бидат донесени петте закони за реформи во јавната администрација и дигитална трансформација на државата, што беа усвоени на вчерашната седница на Владата. 

Станува збор за Законот за административни службеници, Закон за вработени во јавниот сектор, Законот за стручно усовршување и обука на административни службеници, Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација и измени и дополнувања на Законот за електронско управување и електронски услуги кои ќе се носат по скратена постапка и со европско знаменце. 

Министерот Алиу појасни дека со овие законски решенија се врши усогласување на домашното со европското законодавство согласно препораките на Европската комисија и заедничката иницијатива на ОЕЦД и ЕУ, СИГМА. 

- Сериозни наводи се тоа во однос на соопштението кое имав можност да го прочитам од Стејт департментот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање поврзано со наводите за корупција и ставањето на „црната листа“ на САД на поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев. Според премиерот, нашите институции треба да го проверат она што е наведено од американските власти. 

Ковачевски рече дека Анѓушев никогаш не бил член на СДСМ, ниту пак се чуствувал како член на СДСМ.

-Јас колку што знам тој беше предлог на Стопанската комора на Македонија и нејзиниот претседател. Треба да биде јасно дека меѓународните институции и нашите стратешки партнери, каде што број еден се САД, врз однос на свои наоди ги носат овие одлуки, меѓутоа од друга страна и нашите институции имаат обврска да реагираат и да испитуваат за секој случај без никакво влијание во однос на сите водени постапки во однос на нивната законитост за работењето на кој било функционер, изјави Ковачевски. 

- Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го повика претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ги достави доказите што, рече дека ги има за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, а кој синоќа во телевизиско интервју говореше за овој случај.

-Што се однесува на коментарите на лидерот на опозицијата, тој во многу случаи се има поставено како истражител и како обвинител итн., нема да навлегувам во тоа со што сака да се бави. Меѓутоа прикривање на докази, за коишто вели дека ги има е исто така кривично дело и затоа доколку има докази треба сите да ги достави до Министерството за внатрешни работи или до Обвинителството, бидејќи се работи навистина за еден грозоморен чин, којшто е направен од нелуѓе и коишто треба да бидат изведени пред лицето на правдата и согласно законите да бидат најстрого казнети, изјави Ковачевски.

- Министерството за одбрана е прворангирана институција во Северна Македонија и во регионот според најновиот извештај согласно Индексот на отвореност на Фондацијата Метаморфозис. Северна Македонија, пак, е лидер во однос на отвореноста во споредба со Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

- Со 89,72 процентна исполнетост на критериумите во четирите столба- пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност, како што е наведено во соопштението, Министерството за одбрана е на прво место, Владата на Република Северна Македонија со 79,14 проценти е второрангирана, додека Министерството за внатрешни работи со 78,9 проценти е на третата позиција.

Во однос на четирите столба на кои се основа овој композитен индекс, одбраната предничи во делот на транспарентноста, како и во доменот на интегритетот, каде се исполнети 100 проценти од критериумите.

- Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека за името на техничкиот премиер се уште не разговарале со раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ). 

- Во однос на името на техничкиот премиер не сме разговарале, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Фармацевтскиот факултет во Скопје.   

За изборниот настап, Ковачевски вели дека СДСМ има веќе одлука на Извршниот комитет и дека ги повикуваат сите политички партии без разлика на нивната идеолошка и етничка припадност да им се придружат во широк Европски фронт што ќе се залага за Северна Македонија до 2030 година да стане членка на Европската унија. Тој повтори дека во СДСМ е почната внатрепартиската процедура за избор на кандидат за претседател.

-  Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев денеска преку соопштение и се заблагодари на, како што вели пријателска Малта за честа да биде почесен конзул, но наведува дека со оглед на одлуката на Стејт департментот, со која не се согласува, но ја цени и прифаќа, смета дека не е во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име.

-Се заблагодарувам на пријателска Малта за честа да бидам почесен конзул на членка на ЕУ во Северна Македонија од 2021 година. Со оглед на одлуката на почитуваниот Стејт Департмент кон мене, со наводи со кои јас не се согласувам, но ги ценам и прифаќам како одлука, сметам дека не сум во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана. Се додека овие наводи не се преиначат, јас не сакам и не можам да се застапувам во име на која било држава или институција, нагласува Анѓушев во соопштението до медиумите.

Тој додава дека одлуката за ограничување на влез во САД е нешто што се однесува лично на него и со тоа прашање треба да се носи лично, без за тоа да имаат негативни последици пријателски држави, личности, бизнис-соработници или институции.

- Ние гледаме напред кон позитивниот моментум на нашиот евроинтегративен пат, започнувајќи од усвојувањето на Преговарачката рамка минатата година, која беше клучна за нас и полна со предизвици, но истовремено и важна и со успеси, па се до крајот на скрининг состаноците, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ во воведното обраќање на билатералниот состанок за „Поглавјето 31 - Заедничката надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање официјално завршува скрининг процесот на Северна Македонија. 

На состанокот, на кој присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу – Халили, вицепремиерот Маричиќ ја потенцираше важноста на успешното завршување на сеопфатниот циклус на скрининг процесот инициран со новата методологија за пристапување, нагласувајќи ја колективната решителност за унапредување на интеграцијата на земјава во Европската Унија. 

- Безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на регионалниот центар „Запад“ и на СВР Охрид во 2023 година е поволна, без индиции да биде нарушена, а благодарение на раното детектирање на новите трендови и закани  се олеснува превенцијата и борбата против криминалните појави. Тоа го посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој заедно со дел од раководството на МВР и на Бирото за јавна безбедност беше во посета на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во Охрид, каде што оствари работна средба со раководствата на СВР Охрид, СВР Битола и на центарот „Запад“.

Како што посочи по средбата, Регионалниот центар „Запад“ оваа година бележи зголемен проток на патници на граничните премини и тоа за 11 проценти споредбено со 2022 при што на граничните премини во регионот влез и излез оствариле 3,4 милиони патници.

- Казна затвор од над 22 години може да добијат луѓето кои ја проектираа станбената зграда во градот Дијарбекир, што се урна за време на разорните земјотреси во југоисточна Турција во февруари, објави ТВ Си-Ен-Ен-Турк.

Вкупно 77 лица загинаа, а 29 се повредени при уривање на зградата.

Во истрагата спроведена по трагедијата било утврдено дека при изградбата на објектот биле користени несоодветни материјали.

Роднините и пријателите на загинатите поднеле тужба против четири лица, меѓу кои и лицата кои ја проектирале зградата, главниот инженер и сопственикот на компанијата што го спровела проектот.

Обвинителството во Дијарбакир против обвинетите подготвило обвинение со барање за затвор до 22 години и 6 месеци за секој од нив за „предизвикување смрт и телесна повреда на повеќе од едно лице при небрежност“.

- Основниот суд во Приштина ги осуди денеска на по две години затвор тројцата обвинети за нападот врз новинарот Ваљон Сиља во април годинава, јави дописник на МИА од Приштина.

Според одлуката на Судот, на осудените Л.Д., К.Х. и О.Х ќе им се смета и времето поминато во притвор и куќен притвор. Тие се осудени за кривично дело „лесна телесна повреда“.

Барањето на Сила за отштета од 30 илјади евра Судот го одби.

По пресудата, новинарот Сиља изјави дека за него е било важно неговите напаѓачи да бидат казнети.

- За мене не беше важно дали се осудени на една или две години затвор. За мене беше важно тие да бидат казнети, нивното име да стои како осудени и во иднина да не можат да станат дел од полицијата, ФСК (Безбедносните сили на Косово) или други институции, рече Сиља.

- Во веќе видена атмосфера, предизвикана од приврзаниците на Сали Бериша, запалени димни бомби, обиди за напад врз обезбедувањето, пратениците од владејачкото мнозинство со 74 гласови „за“ го усвоија буџетот за 2024 година.

Буџетот, поради хаосот во собраниската сала, мина без расправа а истата траеше само осум минути.

На седницата присуствуваше премиерот Еди Рама, но отсутен беше, судски признаениот претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, зад кого се помал број демократски пратеници.

Сали Бериша, кој го предводи побројното крило во ДП, заедно со 5 пратеници кои го поддржуваат, Фламур Нока, Елда Хоти, Албана Вокши, Газмент Барди и Еди Палока, поради насилничките однесувања на минатата седница, Советот за етика ги исклучи од работата на законодавниот дом во период од 10 дена.

- Меѓународната полициска организација ИНТЕРПОЛ издаде налог за апсење на поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, во врска со вооружениот напад во Бањска во северно Косово на 24 септември годинава.

Веста за Радио Слободна Европа ја потврди министерот за заедници и враќање во Владата на Косово, Ненад Рашиќ.

Според Рашиќ, налогот е издаден со посредство на мисијата на Обединетите нации во Косово, УНИМК, врз основа на барање на Министерството за внатрешни работи на Косово. Поради тоа што Косово не е членка на Интерпол, меѓународни потерници се издаваат на овој начин.

На 24 септември вооружена група Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска кај Звечане, при што беше убиен наредникот Африм Буњаку.

-Директор на руската Служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, денеска им порача на САД дека поддршката на Западот за Украина оваа земја ќе ја претвори во „втор Виетнам“.

„Украина ќе се претвори во црна дупка која ќе апсорбира сè повеќе ресурси и луѓе“, напиша Наришкин во напис во списанието „Intelligence Operative“, пренесуваат британските медиуми.

Тој изјави дека САД на крајот ризикуваат да создадат „втор Виетнам“ и дека секоја нова американска администрација ќе мора да се обиде да се справи со тоа.

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека директна конфронтација меѓу НАТО и Русија може да предизвика Трета светска војна и постојано ја отфрли можноста за испраќање американски војници во Украина.

- Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, го поддржа повикот упатен од генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш до Советот за безбедност да се интервенира во војната во Газа.

Тој во објава на платформата Икс (Твитер) апелираше до „членовите на Советот за безбедност на ОН и истомислениците од ЕУ“ да го поддржат повикот на генералниот секретар.

Борел, исто така, ги критикуваше израелските доселеници на окупираниот Западен Брег за уривањето на палестинското училиште изградено со средства на ЕУ, нарекувајќи го тоа „кршење на меѓународното право“ и додавајќи дека „насилството на доселениците врз палестинските заедници мора да престане“.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш вчера го предупреди Советот за безбедност на ОН дека војната меѓу Израел и палестинските милитанти на Хамас во Појасот Газа „може да ги влоши постоечките закани за меѓународниот мир и безбедност“.

Остани поврзан