• понеделник, 09 септември 2024

МИА Најави – свет

МИА Најави – свет

9 септември 2024

Женева – Почнува 57-та седница на Советот за човекови права на ОН, која ќе трае до 9 октомври.

Газа – Хуманитарна пауза за вакцинација против детска парализа, која ќе трае до 12 септември.

Њујорк – Состанок на Советот за безбедност на ОН за мировните операции во светот.

Виена – Почеток на состанокот на Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија, кој ќе трае до 13 септември.

Пекинг – Норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во посета на Кина до 11 септември.

Дили – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск до 11 септември е во посета на Јужен Тимор.

Остани поврзан