• петок, 10 мај 2024
МИА Најави - свет

13 јуни 2023

Киев – Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) Рафаел Гроси во посета на нуклеарната централа Запорожје.

Амстердам – Состанок на министрите за одбрана на десет европски земји од групата Здружени експедициски сили за поддршка на Украина и безбедност на инфраструктурата.

Осло – Годишен меѓународен состанок на активисти за заштита на човековите права – Форум за слобода во Осло.

Виена – Премиерот на Словенија, Роберт Голоб во посета на Австрија.

Њујорк – Дебата на Советот за безбедност на ОН за климата, мирот и безбедноста во светот.

Буенос Аирес – Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ќе се сретне со претседателот на Аргентина, Алберт Фернандес.

Остани поврзан