МИА Најави - свет
- Сараево - Изрекување пресуда во судскиот процес против претседателот на Република Српска Милорад Додик поради непочитување на одлуките на високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит.

26 февруари 2025
Рим - Премиерката на Италија Џорџа Мелони ќе го прими шведскиот колега Улф Кристерсон.
Кејптаун - Во Јужна Африка се одржува дводневен самит на министрите за финансии и централните банкари на Г20.
Куала Лумпур - Состанок на министрите за одбрана на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
Сараево - Изрекување пресуда во судскиот процес против претседателот на Република Српска Милорад Додик поради непочитување на одлуките на високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит.
Љубљана - Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ во посета на Словенија, каде ќе разговара со претседателката Наташа Пирц Мусар, претседателката на парламентот Уршка Клокочар Зупанчиќ и премиерот Роберт Голоб.
Париз - Се очекува завршување на судскиот процес против извршителот на терористичкиот напад и тројното убиство во 2020 година во базиликата во Ница.
Брисел - Европската комисија се очекува да претстави неколку предлог-закони за зајакнување на економијата на ЕУ, како што се пакет-законите за поедноставување на еколошкото известување и инвестиции, договор за чиста индустрија и акционен план за достапна енергија.