24 март 2020
Брисел- Министрите за финансии од ЕУ ќе имаат видеоконференциска врска за усогласување на мерките во борбата со економските последици од пандемијата.
Мадрид- Шпанската Влада ќе го разгледа прашањето за продолжување на вонредната состојба до 11 април.
Даблин- Ирската авиокомпанија „Рајанер“ ги укинува повеќето од своите летови.
Москва- Онлајн конференција на влијанието на коронавирусот врз електронската трговија.
Отава- Канадскиот Парламент ќе гласа за планот со вонредни мерки на премиерот Џастин Трудо.