МИА Најави МКД
- 10 август 2025
10 август 2025
Скопје – Дваесет и четири години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата, во месноста Љуботенски бачила:
-Делегација на Собранието во состав на пратеничките Емилија Ангелова и Каролина Насковска, ќе положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето поставено во чест на загинатите бранители во село Љубанци. (10:00)
-Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев ќе положи венци со свежо цвеќе на спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров (08:00), споменик на паднатите бранители во село Волково (08:30), споменик на загинати бранители во село Љубанци (10:00) и спомен-плоча во касарната „Илинден“ (12:00).
- Општина Ѓорче Петров организира оддавање почит пред спомен-чешмата на Томислав Настески – Бумбар, во урбана заедница Мирче Ацев (08:00) и Централна комеморативна церемонија пред споменикот на загинатите бранители во Волково. (08:30)
Скопје - 35. Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес.
Скопје – Концерт „Шпанска вечер“. (КИЦ Салон 19’19 / 20:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***