• среда, 07 јануари 2026
МИА Најави МКД

6 јануари 2026 

Скопје - Бадникови поворки 2026  во организација на Здружението „Бадникови поворки“

-Формирањето на поворката ќе започне пред Музејот на Град Скопје, oд 11:30 до 12:00 часот. 

- Оформената бадникова поворка пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, ќе тргне од Музејот на Град Скопје и, движејќи се по улица „Македонија“, ќе пристигне на плоштадот „Македонија“, пред сцената поставена кај Божикната пештера. (12:00)

-Во претпладневните часови организирани групи деца и млади од Бадниковите поворки, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, ќе реализираат празнични посети кај претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Скопје -  33-та Манифестација Бадник 2026 во организација на Бадникарскиот одбор. 

-Претходно новиот кум и здравичар заедно со членови на Бадникарскиот одбор ќе го посетат Домот за стари лица Мајка Тереза во Злокуќани и ќе им однесат пригодни подароци. (9:30)

-Бадникова химна (10:00)

- Осветување на бадниковите гранчиња (10:10)

-Заеднички пречек пред влезот на Соборниот храм од Партизански одреди на кумот за 2026 Зоран Кондратенко со Бадниковата погача и здравичарот Јаков Дренковски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и кумот за 2025 Раде Макеларски со здравичарот Атанас Петров. (10:20)

-Влегување во Храмот (10:30)

- Куса средба со г.г. Стефан и заедничка фотографија (пред Олтарот) Благослов за Погачата - г.г.Стефан со свештениците. (10:40) 

- Упатување кон бината и обраќања (11:00)

- Испраќање на новите кумови до пајтонот (11:40)

____________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан