5 октомври 2025
Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на канализациона мрежа во Општина Василево. (14:00)
Скопје - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска ќе ја отвори националната кампања „Магијата е во знаењето“ по повод Светскиот ден на учителите 5 октомври. (Домот на култура „Билјана Беличанец“/10:00)
Скопје - Самостојна изложба на концертниот фотограф Марко Угарковиќ со наслов „Сенки / Светло / Сцена“. (Фоаје на Националната опера и балет ќе се отвори првата/19:00)
Скопје - Бесплатен концерт на најперспективниот алтернативен македонски бенд - Луфтанза. (Пред платото на Дом на АРМ/12:00)
Скопје - Концертот на млади музички таленти, традиционален дел од програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“’. (Музеј на македонската борба/20:00)
Битола - Концерт на „Интерфест Битола 2025“, дуо Иларија Константино и Мартина Џордани, Италија (Музичко училиште / 20:00)
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025:
Ново Село/Василево/Босилово/Радовиш/Струмица - Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ - „Вистинскиот избор твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ во Ново Село (16:00), Василево (17:00), Босилово (17:00), Радовиш (18:30) и во Струмица. (20:30)
Македонска Каменица /Пехчево/Берово/Делчево - Изборниот караван на СДСМ и коалицијата - „Се бориме за нашиот дом!“ со митинзи во Македонска Каменица (17:30), Пехчево (17:30), Берово (18:30) и во Делчево (20:00)
Скопје - Средба со граѓани на кандидатот за градоначалник на Град Скопје предложен од Левица, Амар Мециновиќ во Ѓорче Петров кај пазарчето (10:30), Градски парк кај Фонтана (12:00) и пред Сити мол (13:30)
Скопје - Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски. (Општина Ѓорче Петров, на раскрсницата меѓу улиците Македонска војска и улица „Ѓорче Петров“/12.00)
Скопје - Изјава за медиуми на носителката на листата за советници на Град Скопје од СДСМ, Катерина Цаневска Арсовска. (пред СУГС Никола Карев/10:00)
Битола - Прес конференција на Социјалистичката партија на Македонија, општинска организација од Битола на која ќе се обратат Тони Коњановски-кандидат за градоначалник и Филип Поповски-носител на советничка листа. (Широк сокак 91 во Битола, седиште на Социјалистичка партија на Македонија меѓу Равена и Кино Манаки, на втор кат до хрватскиот конзулат/11:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***