МИА Најави - МКД
- 8 септември 2026
8 септември 2026
Скопје - Македонија одбележува 35 години од независноста:
- претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски и на вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев. (Градски гробишта Бутел/08:15)
- Сиљановска - Давкова ќе им додели Орден „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски. (Вила Водно/10.30/
- собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, составена од пратениците Тони Јаревски, Даниела Николова и Даниела Белимоваќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров (08:30), на вечното почивалиште на Борис Трајковски (08:50) и на вечното поживалиште на Никола Кљусев (09:10)
- централна манифестација под мотото „Силно светнал ден“ на која ќе се обрати претседателот на Владата Христијан Мицкоски. (плато пред Влада/14:00)
- музејски настан „35 години – 35 предмети – 35 приказни“ во организација на Националниот археолошки музеј – Скопје. (Национален археолошки музеј – Скопје/15:00)
- концерт на Дaвид Гета по повод 35 години независност. (Арена Тодор Проески/21:00, влез за посетители од 17:00, новинари и фоторепортери службен влез, од партер североисток/20:00)
Охрид - Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски заедно со извршниот директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан ќе присуствуваат на пуштањето во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, „Св. Апостол Павле“. (10:00, пристигнување од 09:15 до 09:30)
Демир Хисар - Во организација на Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе се одржи спомен-средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија кои за време на Граѓанската војна во Грција биле сместени во манастирот “Свети Јован Претеча“ во село Слепче, Демирхисарско. (Манастирското братство со благослов на г. Петар, митрополит Преспанско-Пелагонски ќе одржи панихида од 10:30-11:30 часот, а потоа ќе следи прес-конференција за медиумите)
___________________________________________________________________
МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини