• недела, 18 август 2024
МИА Најави МКД

18 август 2024 

Охрид - Централна свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата. (во Центарот за обука на вода во Охрид/ 10:00; новинарските екипи треба да пристигнат кај сидриштето Билјанини извори најдоцна до 09:15 часот)

Охрид - Амбасадата на Република Србија организира „Српска вечер“ на овогодишниот  64-ти музичко-сценски фестивал „Охридско лето“ и концертот на Љубица Вранеш и Драгољуб Бајиќ, солисти на Народниот театар од Белград, со пијано придржба на Миливој Вељиќ. (во црквата „Света Софија“/21:00)

Скопје - Премиерно на „Македокс“ ќе бидe прикажан краткиот документарен филм „Танцувајќи со Камара” на режисерката и монтажерка Сандра Ѓоргиева. (Сули ан/22:30) 

Виборг - Македонска репрезентативка Дуња Иванова ќе учествува на Европското првенство Маратон во Данска.

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан