• понеделник, 16 декември 2024
МИА Најави МКД

18 ноември 2023 

Скопје - Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе промовира пригодна поштенската марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ. (Спортски центар „Борис Трајковски“/11:00, пристигнување на медиумите/10:45)

Велес - Заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во работна посета на Велес, каде ќе направат увид на новоизградениот пат кон село Сливник и обиколка на зградата со социјални станови во Велес.  (https://www.google.com/maps/place/Kiro+Kjuchuk,+Veles/@41.7128832,21.7688469,17z/data=!3m1!4b1!4m6!3m5!1s0x13542a2e9cdd4c6d:0x5988494923f30990!8m2!3d41.7128832!4d21.7688469!16s%2Fg%2F1wdkzf45?entry=ttu, изјава за медиуми/11:00)

Скопје - Годишен самит на Глобалниот парламент на градоначалници 2023 на тема „Моќни, ангажирани и хумани градови: Обезбедување демократија и развој за идните генерации“. (х.„Хилтон“/9:00)

Скопје - Состанок на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија - „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“, на кое свое обраќање ќе има потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. (х.„Холидеј Ин“/10:30, изјава за медиумите/11:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, на Попова Шапка ќе ја пушти во употреба улицата кај „Викенд населбата”. (12:00)

Скопје - Промоција на монографијата „Чашуле: приказнувачот“ од Ана Стојаноска. (Факултет за драмски уметности/16:00)   

Скопје - Концерт на квартет од Црна Гора. (Музеј на македонската борба/20:00)

 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан