• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

11 јуни 2025

Скопје - Седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание, Сала 4/12:00)

Скопје - Седница на Комисија за финансирање и буџет. (Собрание, Сала 6/12:00)

Скопје - Средба на членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност со претставници на Институтот за комуникациски студии. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Охрид - Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди , од денес ќе престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.

-  пречек со високи воени почести во Кампот за обука на вода во Охрид, по што генерал Габор Беренди ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сaшко Лафчиски. (9:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на свечена церемонија за доделување на национално признание за врвни достигнувања во спортот. (Свечена сала во Владата/12:00)

Скопје – Прес конференција на министерката за образование и наука Весна Јаневска. (МОН/10:00)

Скопје - Научно-стручна расправа по Предлог Законот за Судски совет, во организација на Здружението за кривично право и криминологија и Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. (МАНУ/10:00)

Скопје – Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, ќе ја посети Општина Гази Баба и заедно со градоначалникот Бобан Стефковски ќе извршат увид на градежните активности и ќе го најават почетокот на новата фаза од проектот за изградба на вакумска фекална канализација во Јурумлери. (Населено место Јурумлери/11:00)

Скопје - Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков ќе ја посети НУ Национална универзитетска библиотека „Св. Климент Охриски“-Скопје по повод воведување  во работите (блок 3 и 5) од првата фаза за санација на покривот. (НУБ „Св. Климент Охриски“/11:00, изјави се предвидени во 11:15)

Скопје - Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ќе се обрати на промоцијата на „Проценката на закани од сериозен и организиран криминал - СОКТА 2025“. (х. „Хилтон“/10.00)

Скопје – Уставниот суд ќе ја одржи 12. седница. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Прес-конференција на Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија на која ќе биде промовиран Етичкиот кодекс на финансиските друштва. (Стопанската комора, сала 4 на 5-ти кат/11:00)

Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на 16. сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), на тема „Предизвици и перспективи во националните политики за дрога и психоактивни супстанци: усогласување на македонското законодавство со европските стандарди“. (х. „Панорамика“/9:30)

Струмица - Информативен ден за презентација на мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. (Велвет евент центар, Агроберза 6/11:00)

Битола - ЈУ Национален парк „Пелистер“ организира советување на тема „Промените во структурите на шумите во зависност од климатските промени и природните обновливи процеси“ (Инфоцентар / 10:00)

Скопје - Постхумната промоција на научно дело на Кирил Трајковски, насловено „Епископијата на Брегалница и Моробисдон (VII – XIV век)”, во организација на Националниот археолошки музеј во соработка со Фондацијата Кирил Трајковски. (Археолошки музеј, конференциска сала/12:00)

Скопје – Почнува 4. издание на inFusion – Фестивалот на инклузија. (Парк „Македонија“ + 4 локации)

Скопје – Танцов перформанс BLOT на Tangaj Collective во рамки на ППФ2025 – јунска сесија. (МКЦ/20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан