• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

27 ноември 2025

Скопје - Собранието ќе ја одржи 71-та седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања. (Сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/ 11:00)

Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 6/ 11:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала Борис Трајковски/18:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот Димитар Апасиев по однос на претставката на родителите од Кочани за свикување на анкетна комисија во Собранието. (прес-центар Собрание/ 10:45)

Вилнус - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во посета на Литванија. 

Сараево - Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа кои се дел од иницијативата SEDM – South East Defence Ministerial.  

Скопје - Државниот завод за ревизија ќе одржи настан по повод објавувањето на Конечниот ревизорски извештај за успешност на тема „Имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција), со осврт кон специјализираните услуги за жени жртви на родово базирано и семејно насилство“. (х.„Хилтон“/ 11:00)

Скопје - Прва седница на Координативното тело на градоначалници. (Простории на град Скопје, барака 4, сала за состаноци/12) 

Скопје - Осма пленарна конференција на тема „Нека правдата владее во регионот“ на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија. (х.„Панорамика“/ 9:30)

Скопје - Форумот за разумни политики ќе ја претстави новоразвиената алатка-Индексот за политички интегритет.  (Клуб на пратеници/ 11:00, изјави за медиумите/ 12:00)

Скопје - Агенцијата за остварување на правата на заедниците ќе одржи настан по повод одбележувањето „15 години Партиципативен форум“. (х.„Хилтон“/ 9:30)

Скопје - Центарот за истражување и креирање политики организира завршна конференција во рамки на проектот „Градење на здрави животни навики на младите луѓе”. (хот.„Холидеј Ин“/ 11:00)

Скопје - Форумот за образовни промени на прес-конференцијата  ќе ги презентира  клучните наоди од Индексот на транспарентност на универзитетите во Северна Македонија. (Јуроп хаус/12 00) 

Скопје - Засадување дрвца во рамки на  регионалната акција „Дрвја на пријателството“, иницирана од Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ) . (Парк зад Џевахир  во Општина Аеродром: https://maps.app.goo.gl/L4BKHf196iQJqs1i7  /11:00)

Скопје - Форум за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“, проект на фондацијата „Свети Фотиј Велики“ - Скопје. (Библиотека „Браќа Миладиновци“/ 19:00)

Тетово - Панел дискусија „Гласот на вечноста: Духовното наследство на Св. Кирил Пејчиновиќ во современиот македонски идентитет“ во организација на Глобална Македонска Фондација ВЕЧНА. (Манастирски комплекс во Лешок, Голема сала/ 18:00)

Скопје - Јого Меркур организира настан по повод јубилејот 35 години дејност на компанијата. (ресторан Парк Рагуза/19:30)

Софија - Книжевен портрет на Јулијана Величковска по повод наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 г. (МКЦ, ул.„Обориште“ 7/ 18:30)

Скопје - Промоција на книгата „Дијалози за слободата во авторство“ на Љупчо Јолевски. (Галерија „Метаноја“/ 19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција која дише)“. (Музеј на современата уметност/ 20:00)

Скопје - Отворање на меѓународната музичка конференција и фестивал - ПИН 2025. (МКЦ/ 19:00)

Битола - Концерт на битолската група „Фонтана“ и пејачката Гамзе Матраџи на фестивалот „Музика од светот“. (Центар за култура/ 20:00)

Скопје - Концерт насловен „Звук што трае“ на Македонската филхармонија. (Филхармонија/ 20:00)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева - Улчар. (Музеј на македонската борба/19:30)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан