• петок, 02 јануари 2026
МИА Најави МКД

1 јануари 2026 

Велес - Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ги посетат припадниците на Армијата во касарната „Алексо Демниевски Бауман“. (11:00, обезбеден организиран превоз за медиумските екипи - пред Генералштабот на Армијата/9:15 часот,  пристигнување во касарната „Алексо Демниевски Бауман“/10:30)

Скопје - Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на поранешниот претседател Киро Глигоров. (Градски гробишта Бутел, Алејата на великаните/10:00)

Кавадарци - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во работна посета на Општина Кавадарци.

- Во 13:00 часот ќе изврши увид на градежни активности на изградба на мост преку реката Луда Мара до с.Марена.

- Во 13:25 часот ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното регулирано речно корито од мост Видео Смилевски до Северен булевар и ќе направи увид во градежни активности на фекален колектор Опитно поле.

- Потоа во 13:50 часот, ќе изврши увид во градежни активности на изградба на затворен базен, финансиран од Министерство за спорт во износ од 35.500.000 милиони денари.

- На последната локација, околу 14:20 часот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. (Локација за изјава: https://maps.app.goo.gl/RMEwLXSRer3rYMKb9?g_st=av)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во работна посета на Полициската станица Центар (Беко), по што ќе даде изјава за медиумите. (12:30)

Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу ќе ги посети првородените бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство (11:00) и во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир (12:00).

Битола - Градоначалникот на Битола во посета на првите новородени бебиња во Новата 2026 година. (Клиничка болница/10:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан