• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

26 септември 2025

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со претставници од невладините организации по повод Меѓународниот ден на Бошњаците. (Сала „Длаборез“/14:00)

Скопје - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе ја посети ЈЗУ Универзитетската клиника за државна кардиохирургија (2-ри кат). (Изјава за медиуми/13:00)

Скопје - Јавна седница на Државната изборна комисија. (ДИК/ 11:00, и на https://www.youtube.com/@secmk499/streams)

Скопје - Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Управата за извршување санкции при Министерството за правда и Македонското пенолошко друштво, ќе одржат јавна расправа по Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. (МАНУ/10:00)

Скопје - Втор состанок за ненадејна срцева смрт во Балканскиот регион. (Медицински факултет, Деканат /9:00)

Охрид - 24-та Годишна конференција на Македонската берза. (х.„Метропол“/9:30)

Скопје - Општинската изборна комисија Аеродром организира потпишување на Кодекс за фер и демократски избори од страна на кандидатите за градоначалници за Локалните избори 2025 година. (Спортски центар „Марко Божиновски“, нас. Ново Лисиче/10:00)

Скопје - Во организација на ОИК Карпош, кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори за Карпош ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. (Во зградата на Општина Карпош, бул. Партизански одреди бр. 68/13:00)

Скопје - Промотивна конвенција за претставување на кандидатите за градоначалници и на советничките листи на Движењето ЗНАМ  - За наша Македонија. (Филхармонија/18:00)

Скопје - Претседателот на Левица Димитар Апасиев, ќе одржи прес-конференција пред Уставниот суд. (11:00)

Гостивар - Прес-конференција на тимот на изборната кампања на Висар Адеми. (Мал градски парк, кај Општина Гостивар/11:00) 

Струга - Трети меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant во организација на Здружението на бубрежни болни граѓани НЕФРОН. (х.„Дрим“ /11:00, изјави за медиуми 12:30) 

Скопје - Промоција на монографијата „Магични македонски знаменитости“. (Аудиокултура, ул.„Хелсинки“ бр.13/12:00)

Скопје - Промоција на книгата со поезија „30 современи грчки автори“ во рамки на дополнителната програма на фестивалот ПРО-ЗА Балкан. (Аудиокултура, Скопје/20:00)

Битола - Прес-конференција со тимот на македонскиот филм „Диџеј Ахмет“. (Офицерски дом/10:00)

Битола - Свечено затворање на ИФФК „Браќа Манаки“. (Центар за култура/20:00)

Скопје - Второ издание на фестивалот за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. (Кафе-книжарница „Буква“/12:00)

Скопје - Маалски фестивал 4.0:

 -Презентација на работилниците: Животински костим – Чувари на природатa и Приказни од Природнонаучен. (ООУ „Коле Неделковски“/15:30)

 -Официјално отворање на фестивалот, претставување на новиот мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро. (КСП Центар - Јадро/20:00)

 -Изложба и презентација на Франциска Клозе и Остен Фестивал од Битерфелд-Волфен, Германија. (КСП Центар - Јадро/20:30)

 -Хуманитарен концерт за поддршка на Кочани на Калико. (КСП Центар - Јадро/21:30)

 -Хуманитарен концерт за поддршка на Кочани на Корка. (КСП Центар - Јадро/22:30)

Скопје - Отворање на 13. издание на Филмскиот фестивал млади „Џифони Македонија“. (Кино „Фросина“/20:00)

Куманово - МНТ со „Бог на колежот“ на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“. (НУЦК „Трајко Прокопиев“) 

Скопје - Соло концерт на импровизирана амбиентална музика на Амплидајн Ефект“. (КИЦ, Салон 19:19/20:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан