• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

2 ноември 2023 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 129. седница. (11:00), по што ќе продолжи 74. седница (12:00) и 126. седница (12:10)

Охрид - Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми ќе се обратат на отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи. (хотел „Инекс Олгица“/13:00, изјави за медиуми по завршување на официјалните обраќања)

Берлин - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во работна посета во Сојузна Република Германија, каде ќе учествува на министерската конференција „Проширена, посилна Унија”, организирана од Сојузното министерство за надворешни работи.  (пренос во живо на следниот Х профил: @GermanyDiplo/11:00)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе го посети пунктот за вакцинација против сезонски грип во поликлиниката Бит Пазар. (11:00, изјави за медиуми)

Скопје - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ќе направат увид во завршните работи на проектот за изградба на колектор за отпадни води во општина Ѓорче Петров. ( село Орман/12:00, изјави за медиуми/12:30)

Скопје - Министрите за правда, информатичко општество и администрација и здравство од редовите на Алијансата за Албанците, Кренар Лога, Азир Алиу и Фатмир Меџити ќе одржат брифинг за новинарите. („Лола бар“, во близина на Опера и Балет/17:00)

Скопје - Министерката за култура Бисера Костановска-Стојчевска ќе одржи брифинг за медиумите. (Клуб на пратеници/10:00, без фотографирање и без камери)

Скопје - Втора сесија на РГ6 на тема „Фискална политика заснована на правила: значењето и улогата на јавните финансии во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија“ во организација на Европското движење. (х.„Панорамика“/9:30)

Скопје - Здружението на енергетичари на Mакедонија ќе одржи панел дискусија на тема „Презентација на проектот и дискусија за ПАХЕЦ Чебрен“. (Стопанска комора на Северна Македонија, 5 кат/12:00, изјави за медиуми по завршување на дебатата)

Скопје - Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и претседателот на синдикалната организација при Напредок 1 и Напредок Принт - Тетово, Живе Ќировски ќе одржат прес-конференција. (ССМ, сала на 10 кат/11:30)

Скопје - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ќе одржи настан на тема „Нови обвинители во основните јавни обвинителства во Македонија, за поголема заштита и ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите и медиумските работници“. (Клуб на новинари во Македонија/13:00)

Скопје - Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија ја почнува кампањата за собирање предлози и идеи за подобрување на државната матура во нашата земја. (Europe House/14:00)

Скопје - Прес-конференција на тројцата лидери на Aлбанскиот опозициски фронт, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити. (Пред Врховен суд/ 14:00)

Скопје - Промоција на зборникот трудови „Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“ . (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за состаноци/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Импровизации“ на Глигор Кондовски. (КСП Центар Јадро/20:00)

Скопје - Отворање изложба на слики насловена „КОЛАЖИ“ од авторот Сузана Арсова. (Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“, галерија „КО-РА“, голем салон/20:00)

Скопје - Концерт насловен „Извор“ во изведба на оркестарот на Македонска филхармонија посветен на 60 години Музичка младина на Македонија. (Филхармонија/20:00)

Струга - „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец. (НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга/20:00)

Битола - Концерт на музичките групи Lelee од Љубљана, Словенија и My Tear од Скопје. (Порта Џез/20:30)

 

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан