14 ноември 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија. (Сала 4/15:00)
Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 4/15:30)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на свеченоста по повод 25 години од осамостојувањето на Фондот за здравствено осигурување. (Национална филхармонија, мала сала/11:00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу со членовите на Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции. (Медија центар на Влада/09:00)
Скопје - Меѓународна конференција на тема „Зајакнување на семејствата: проширување на програмите за поддршка на деца, адолесценти и родители во Источна и Југоисточна Европа“. (х.„Континентал“)
Скопје - Прва годишна научна конференција за геријатриска и палијативна медицина 2025 под мотото „Каде сме и каде сакаме да бидеме“ во организација на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ - Скопје. (х.„Александар Палас“/18:30, свечено отворање/20:00)
Скопје - Прес-конференција на Коалицијата „Менуваме“. (Пред Собрание/12:00)
Битола - Заедничка комеморација на амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција посветена на 11 Ноември 1918 година, ден на Примирјето и „Ден на народната жалост“. (Француски воени гробишта/11:30)
Битола - Свечено отворање на „Битола Шекспир фестивал“. (Народен театар/20:00)
Скопје - Фестивал на чај - Вкуси ја хармонијата на билките во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол. (Скопје Сити Мол)
Скопје - Промоција на збирка раскази „Наназад“ од Стефан Алијевиќ. (КСП Центар-Јадро/20:00)
Скопје - Отворање на изложба Стопен град:Урбана топлинска имагинација и материјална кревкост на Ана Франговска. (Национална галерија, објект Чифте амам/20:00)
Њујорк - Отворање на изложбата „Енергија на Материјата“ на Благојче Наумоски Бане. (Gallery MC)
Скопје - Концерт насловен „Впечатоци од Шпанија“. (КИЦ, Салон 19 19/20:00)
_______________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***