9 мај 2026
Скопје - Владата на Република Северна Македонија организира свеченост по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“, во чии рамки претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата и ќе се обрати пред присутните. (Пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата / 10:30)
Скопје - Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Емилија Ангелова и Сања Лукаревска, по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, ќе положи цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата. (11:15)
Скопје - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе присустува на одбележувањето на Денот на победата над фазишзмот и Денот на Европа (плато пред Владата / 10:30), ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободителите на Скопје“ (11:15) и ќе даде изјава за медиуми.
Скопје - Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија по повод Денот на Европа - 9 Мај организира настан под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“ (Летна сцена „Школка“ во Градскиот парк / 11:00 - 18:00). Официјално обраќање на амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, („Школка“ / 12:00) Најавени се изјави на министерот за европски прашања, Беким Сали, и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по официјалното обраќање на настанот.
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на научна конференција „Креирај дома, продавај глобално“, со која ќе се означи отворањето на Технолошкиот парк - Н99. (Простории на АУЕ - ФОН / 13:00)
Скопје - Прес-конференција на Алијансата за Албанците по повод 9 Мај - Денот на Европа. (Пред Владата / 11:30)
Свети Николе - Прес-конференција и трибина на ИПОС Македонија на тема „Стоп за насилството врз здравствените работници“. (Меѓународен славјански универзитет / 10:30)
Скопје - Целодневен гастрономско-музички настан „Нож и виљушка на европска чинија“. (Парк на Франкофонијата / 12:00)
Скопје - Отворање на 54. фестивал „Мајски оперски вечери“ со изведба на оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини. (Национална опера и балет / 20:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***