• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

14 август 2025 

Охрид - Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски на увид на градежни активности на патот од Климештани до Охрид, кој е дел од автопатот Кичево - Охрид. (Натпатникот Подмоље/12:00, предвидена е изјава за медиуми на премиерот Мицкоски)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе оствари средба со в.д. претседателот на СКСЗМ, Нухи Алиу. (Стопанската комора на Северозападна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр.13, 1-ви спрат, сала бр.6/11:00,  по средбата предвидена е изјава за медиумите)

Тетово - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе одржи работна средба со директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези и неговиот тим, како и со претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами. (изјави за медиуми во просториите на Клиничка болница, сала за состаноци на 2 кат, кај Ургентниот центар по средбата/12:30)

Скопје - Град Скопје ќе одржи јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. (Сала на Советот на Град Скопје, барака број 13/ 9:00)  

Скопје - Прес-конференција на вработените во Флораком и Луна, ќерки фирми на ЈП Паркови и зеленило на која ќе се обрати претседателот на Синдикатот СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски. (Пешачки премин на булеварот „Илинден“ помеѓу Градски парк (Фонтана) и бараките на Општина Центар/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Билјана Ивановска, независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар, поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“,  „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „398“. (Пред фонтаната „Лотус“ на влезот во Градски парк/ 9:30)

Скопје - Прес -конференција на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и Ранко Петровиќ по повод почетокот на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето 2025. (Пред просториите на Општина Карпош, ул. „Радика“ бр. 9/10:30)

 

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

Остани поврзан