МИА Најави МКД
- 11 октомври 2025
11 октомври 2025
Одбележување на 11 Октомври - Денот на народното востание
Прилеп - Свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“ каде што свое обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. (НУЦК „Марко Цепенков“/12:30)
Скопје - Положување цвеќе пред Градски гробишта Бутел на Меморијалниот комплекс „Партизанските гробишта“, во организација на Министерството за одбрана. (9:00)
- Доделување на државната награда „11 Октомври“. (Собрание/12:00)
Прилеп - Положување на цвеќе пред Споменикот на Методија Андонов-Ченто (10:00), Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу (10:20), Споменик „Жена Борец“ (10:50) и Могилата на непобедените. (11:25)
Куманово - Положување на цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово. (11:00)
Битола - Свечена академија - 100 години авијација во Битола. (Спортски аеродром Логоварди/12:00)
Скопје - Во предвечерието на 44. Скопски џез фестивал промоција на винилот „After The Wildfire” и Концерт на Гордан Спасовски. (Аудиокултура/19:00)
Локални избори 2025
Демир Хисар/Кривогаштани/Крушево/Прилеп - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат митинзи во Демир Хисар (16:30), Кривогаштани (17:30), Крушево (19:30) и во Прилеп. (20:30)
Скопје - Прес - конференција на кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. (Штабот наспроти Тренд/10:30)
Желино/Теарце/Тетово/Јегуновце - Изборниот караван на СДСМ и коалицијата ќе одржи митинзи во Желино (17:30), во Теарце (17:30), Тетово (18:30) и во Јегуновце. (20:00)
Прилеп/Куманово/Старо Нагоричане/Кривогаштани - Претставниците на ПП Левица на средби со граѓаните.
-Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа, Методија Костоски, и останатите кандидати за советници на средба со граѓани на Прилеп. (Споменик на Крали Марко/12:30)
- Средба со граѓани во Кривогаштани на која ќе присуствуваат пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа и останатите кандидати за советници. (Канцеларија на ЛО Левица – Кривогаштани/15:00)
-Средба со граѓани во Старо Нагоричане на која ќе присуствуваат претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник, Андреј Димитриевски, носителот на листа, Иван Зарев, и останатите кандидати за советници. (Плоштад во Старо Нагоричане/16:00)
-Средба со граѓани во Куманово на која ќе присуствуваат претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Општина Куманово, Мирослав Петковиќ, носителот на листа, Виторио Зафировски, и останатите кандидати за советници. (Пред Пионерски дом/18:00)
Гостивар - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Гостивар Висар Адеми на која ќе бидат презентирани два главни програмски столба од Изборната програма 2025–2029. (Центар на Гостивар/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Зелен хуман град. (Пред службениот влез на Град Скопје во Градскиот парк/11:00)
_______________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***