6 февруари 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Собрание, сала 6/11:00)
Скопје - Прес-конференција на министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со новите предлог закони за високо образование, за научно-истражувачка дејност и за квалитет во високото образование. (МОН/10:30)
Тетово - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе присуствува на настан по повод свечено отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина - Тетово. (Во кругот на Клиничката болница Тетово/10:00)
Скопје - Јавна дебата „Bucharest – Kochani: Healing through Unity: Lessons Learned and the Road to Recovery“ на која ќе се обратат амбасадорот на ЕУ, амбасадорката на Романија и државниот секретар за цивилна заштита при Министерството за внатрешни работи на Романија. (Europe House Скопје/10:30)
Скопје - Јавна трибина/панел дискусија под мотото „Обединети по единственост - Од заложби до реализација: Зајакнување на грижата за ракот во Македонија“ по повод Светскиот ден за борба против ракот во организација на ХЕМА-ОНКО. (Универзитет Скопје-Факултет за туризам, Амфитеатар/13:00)
Велес - Промоција на поетското творештво на поетесата Сузана Сојтари Авдовиќ. (Медијатека на библиотеката „Гоце Делчев“/15:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***