• четврток, 02 мај 2024
МИА Најави МКД

14 март 2024 

Скопје - Министерката за одбрана во техничката Влада Славјанка Петровска ќе одржи брифинг со медиумите. (Министерство за одбрана/10:00, снимање на видео инсерти на почетокот на брифингот, пристигнување на медиумите/9:40)

Куманово - Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски ќе го посети Одделението за управни служби во Куманово. (10:00, изјави за медиуми/10:30)  

Скопје - Министерката за култура во техничката Влада, Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на ТАВ констракшнс, Фатин Кан и претставници на Националниот џез оркестар, ќе извршат увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на НУ Национален џез оркестар. (Подрумски дел на Националната опера и балет, стара Килимара/11:00, предвидени се изјави за медиумите)

Велес - Министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во рехабилитираниот регионален пат Велес - Градско. (Регионален пат кај бензинска станица Дади Компани, изјави за медиумите/12:30)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски ќе одржат прес-конференција. (МЗШВ, голема сала/10:00)

Кавадарци - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски и заменик министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска ќе остварат средби со повеќе успешни жени земјоделки.

- Посета на малата винарија на Билјана Николова. (12:00)

- Изјави за медиумите по завршување на посетата. (12:30)

Тетово - Општина Тетово во соработка со Општинскиот инспекторат - Одделение за комунална дејност и животна средина, организираат кампања за еколошка свест и одговорност кон животната средина на која ќе присуствува и градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами. (ООУ „Наим Фрашери“/11:00, изјава за медиумите)

Скопје - Форум за заштита на македонскиот идентитет во организација на Универзитетот Скопје. (Универзитет Скопје/12:00)

Скопје - ЈЗУ Универзитетската клиника за нефрологија-Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот. (х.Хилтон“/13:30) 

Скопје - Под мотото „Унапредување на пристапот до нега и оптимално лекување на бубрежно болните лица“, Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот. (Здружение Нефрон, голема сала на Социјалистичка партија, ул.11 Октомври бр.17/10:00)

Скопје - Во организација на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност „Инаку” од Скопје ќе почне проектот „Запознајте ги кинеските приказни и бајки” поддржн од Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија. (ОУ „Браќа Миладиновци”/10:00)

Скопје - Предавање на тема „Хибридни методи за изучување на јазиците: примери од францускиот јазик и култура“ на Јован Костов. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за седници/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Здружението ГРАДИМЕ ИДНИНА Скопје. (ул. „Мајка Тереза“  бр. 17, пред главниот влез на УК. Гинекологија и  аукушерство Скопје/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Коалиција ВРЕДИ. (Канцеларии на Коалиција ВРЕДИ, Плоштад Скендербег/12:00)

Скопје - Денови на италијански дизајн на тема „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“ со макстерклас на Лука Боскардин. (Сули ан)

Скопје - Промоција на збирката раскази „Петкамен“ од Нина Насеска. (КИЦ, Галерија „Империјал 2“/19:00)

Скопје - „Приказни во тиркиз - Извор на животот", трета самостојна изложба на Ана Митевска. (Музеј на Град Скопје/19:30)

Скопје - Отворање на изложбата со наслов „Најдрагиот Пинокио“ (Carissimo Pinocchio). (Галерија Чифте амам/13:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Quo Vadis“ на академскиот сликар Валентина Поцеска. (Галерија „Метаноја“, ул. „Максим Горки“ бр.19/19:00)

Скопје - „Поврзување“ концерт на Македонската филхармонија. (Филхармонија/20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан