• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД

22 ноември 2023 

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе бидат домаќини на неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот.

Скопје - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска ќе се обратат на работилницата „Институции за граѓаните“, посветена на вредностите на доброто управување со јавната администрација. (х.„Холидеј ин“ /10:00)

Берово - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со ЈП Национални шуми и градоначалникот на општина Берово, ќе се приклучат кон големата акција за пошумување - „Ајде да пошумуваме заедно“. (Будинарски рид, https://www.google.com/maps/place/41%C2%B045'27.4%22N+22%C2%B049'37.6%22E/@41.7584983,22.8224442,579m/data=!3m1!1e3!4m4!3m3!8m2!3d41.757602!4d22.827122?entry=ttu/13:00, изјави за медиумите пред почетокот на акцијата за пошумување)

Гевгелија - Завршен настан за промоција на проектот за изградба на пречистителна станица во општина Гевгелија.

-Посета на пречистителната станица за отпадни води и увид на реализираните активности од последната фаза на проектот: чистење и затварање на дивата депонија и изградба на фотоволтаичната централа за потребите на пречистителната станица. (11:00) 

-Обраќања на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, амбасадорката на Грција Софија Филипиду и на градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов.(Народен театар /11:30)

Скопје - Доделување на државната награда „22 Ноември“ (Собрание на Република Северна Македонија /12:00)      

Скопје - Свечена академија по повод 115-годишнината на Битолскиот конгрес и Деновите на Албанската азбука во организација на Владата на Северна Македонија. (Филхармонија /14:00)

Скопје - Завршна конференција на тема „Повеќе правна заштита за граѓаните преку сеопфатна и ефективна уставна жалба" во организација на Германска фондација за меѓународна правна заштита| ИРЗ и Уставен суд на Северна Македонија. (х.„Александар Палас“ /10:00)

Скопје - Свечена заклетва на 35 нови американски волонтери на Мировен корпус во Северна Македонија. (Музеј на македонската борба за самостојност/12:00) 

Штип - Јавна дебата на тема „Како започна приказната со дигитализацијата на УГД“. (Тренинг центарот на УГД-Штип/11:00, изјави за медиумите/10:45)

Скопје - Отворени предавања за отворени умови на тема „Моќта на позитивното родителство – како ментално силните родители создаваат среќни и независни деца“. (Јавна соба/19:00)

Скопје - Социјалистичката партија на Македонија ќе ја промовира книгата Документи за македонската борба за самостојност и независна држава Македонија 1874-1919 година. (СПМ, сала 2 кат /12:00)

Скопје - Промоција на монографија „Јордан Манасијески“ од авторот Владимир Величковски. (МАНУ, ликовен салон /13:00)

Скопје - Промоција на книгата „Сто години Шопова светлина” од проф. д-р Кристина Николова. (Филолошки факултет „Блаже Конески”, сала за седници/12:30)

Скопје - Изложба на дела од постојаната колекција на Арт Поинт - Гумно од с. Слоештица, Демир Хисар. (МКЦ /20:00)

Скопје - Премиерна изведба на претставата „Како ќе го делиме мачорот“, текст и режија на Јане Спасиќ. (Н.У. Театар за деца и младинци/20:00)

Скопје - Премиера на документарниот филм „Бисер“ во продукција на Kumev Brothers Production и Агенција за филм. (Кинотека на Македонија/12:00)

_______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан