• сабота, 11 мај 2024
МИА Најави МКД

5 октомври 2023 

Скопје - Седница на Анкетната комисија за случајот на Клиниката за радиотерапија и онкологија. (сала 6/13:00)

Скопје - Состанок на собраниската Комисија за труд и социјална политика со претставници на Мисијата од Меѓународната организација на трудот и експерт за слобода на здружување. (Сала 5/13:30)

Гранада - Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе учествува на третиот Самит на Европската политичка заедница. 

Скопје - Сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓоргиевска ќе биде домаќин на регионалната конференција на високо ниво „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“ што се одржува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. (Кабинет на претседателот/9:30)

Скопје - Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија Љупчо Николовски и на Црна Гора Владимир Јоковиќ ќе се обратат на настанот по повод Светскиот ден на вранецот“ во организација на здружението „Вина од Македонија“. (М6 Едукативен центар/11:00)

Скопје - Регионален хибриден настан на тема „Open4Business - Made in the Western Balkans - Supported by EU” во организација на Европската комисија во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и Western Balkans 6 Chamber Investment Forum (WB6CIF). (х.„Александар Палас“, конференциска сала 1/9:00)

Струга - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржи средба со граѓани, претставниците на граѓанскиот сектор и на локалните институции. (Сала на Советот на Општина Струга/11:30)

Скопје - Прес-конференција на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). (пред Влада/10:00)

Скопје - Здруженијата „Човекот над профитот", „Но Пасаран", КСОМ и ПЦЕР ќе одржат прес -конференција. (пред Апелациски суд/12:00)

Скопје - Меѓународен мастерс семинар за хирурзи-трауматолози и ортопеди според програмата на меѓународната АО фондација под наслов АО Траума - Повреди на горен екстремитет. (х.„Александар Палас“/изјави за медиуми/11:30)

Скопје - 14. Балкански конгрес за хумана генетика и 9. Состанок за ретки болести на Југоисточна Европа, организирани од Македонското здружение за хумана генетика (МЗХГ) и Македонското здружение за ретки болести (МЗРБ). (х.„Хилтон“/15:00) 

Штип - По повод „5-ти Октомври“-Светски ден на учителот, Општина Штип организира свечена академија. (Сала на Совет на Општина Штип/12:00)

Скопје - Сојузот на просветни работници на Република Северна Македонија ќе додели прзнанија и палекти на истакнати просветни работници во рамки на манифестацијата „Просветен работник на годината за учебната 2022/2023“. (ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, општина Кисела Вода/12:00)

Скопје - Детскиот културен центар - Карпош во соработка со Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на учителот со мултикултурни работилници што ќе бидат изведени на македонски, на албански и на турски јазик. (Педагошки факултет „Св.Климент Охридски“/11:00)

Скопје - Македонската филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“ со концертот „Будење“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригент е Бенџамин Шварц од Израел/САД. (Македонска филхармонија/20:00)

Скопје - Прес-конференција по повод преставата „Нора“ на режисерката Нела Витошевиќ. (Драмски театар/11:00)

- Изведба на претставата „Нора“ во рамките на фестивалот „РУТА“. (Драмски театар/20:00)

Скопје - Отворање на изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гил. (МКЦ Матица Ексклузив/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Животи обликувани од вода“ на седум фотографи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. (Културно-информативен центар/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Наместо вовед“ на Митко Панов. (Мала станица/20:00)

Скопје - Свечено отворање на 17-то издание на МТФ СкупиФестивал под мотото „Блесок во театарот“. (Албански театар-Скопје/20:00)

Крушево - Концерт во чест на Тоше Проески. (Плато пред спомен куќата „Тодор Проески“/19:00)

 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан