• четврток, 04 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

23 август 2025

Кавадарци - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и досегашниот командант на Единицата за брзо распоредување Зоран Јанаќијев ќе се обратат на одбележувањето на 24-годинишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување. (на градскиот плоштад во Кавадарци/18:30; пристигнување на медиумските екипи до 18:00)

Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го отвори Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“. (хотел „Холидеј Ин“-Скопје/ Саемот почнува во 11:00, обраќањето на Христијан Мицкоски во 11:20)

Тетово - Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, и директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши ќе се обратат на промоција на заштитната ограда покрај реката Пена. (Шеталиштето од болницата до улицата „Индустриска“/11:00)

Струга - Прес-конфереција на која ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година на Струшките вечери на поезијата. (х. „Дрим“/12:30)

-Претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2025 година. (х. „Дрим“/14:30)

Охрид - Поетски портрет на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година Иван Штрпка од  Словачка. (Црква „Св. Софија“/19:00)

Македонска Каменица - Саем „Денови на медот 2025“ – приказна за вкусот на природиот мед и традицијата во Македонска Каменица. (Градски плоштад во Македонска Каменица/10:00)

Битола - Четвртото издание на музичкиот фестивал Парко,почнува со изложба од изработени скулптури. (Градски парк во Битола/13:00)

Скопје - Почнува во Скопје тридневната манифестација „Графичка точка“. (Фоаје на МКЦ – Скопје)

______________________________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан