• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

30 август 2024 

Скопје – Свечена изјава на Марјана Илиеска, член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Охридска сала/ 10:00)

Гевгелија - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе оствари работна посета на општина Гевгелија и ќе присуствува на отворање на нов пазар во н.м Миравци. (изјави за медиуми во н.м Миравци/10:30)

Скопје – Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе се обрати на примопредавањето на опрема од Република Турција за Армијата. (касарна „Илинден“/10:30, медиумските екипи да пристигнат на влезот на касарната во 10:00)

Скопје – Министерот за јавна администрација, Горан Минчев организира јавна дискусија за предлог законите со учество на општинската администрација организирана од Министерството за Јавна администрација со поддршка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација”. (простории на ЗЕЛС, ул. „Копенхагенска“ 5/ 10:00, изјава за медиумите/ 11:00 – 11:30)

Тетово -  Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши ќе ја посети Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Тетово и ќе оствари средба со претставници на НОРМАК и компанијата Киел Македонија. (Изјави за медиуми во управната зграда на Киел Македонија/12:00

Скопје – Во рамки на проектот „Регионална Сајбер безбедност во Западен Балкан – Интервенции за Република Северна Македонија“ ќе се одржи дводневна работилница на која ќе бидат презентирани Предлог-верзијата на минимум сајбер безбедносните стандарди за Владата и Препораки за креирање на политики во областа на сајбер безбедност. (х. „Мериот“/ 10:30 – 11:20)

Скопје – Тркалезна маса на тема: Отпад и пакување од отпад, ситуација на справување со истиот – рециклирање или конкретна преработка, наспроти количините кои се уште се предмет на одлагање – фрлање на депониите во РСМ“ и презентација на 100% еколошки производ од непосакуваниот композитен отпад. (х. „Континентал“/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на 02 Иницијатива на која ќе биде претставена платформа за борба на граѓаните и граѓанските здруженија/иницијативи против корупцијата во процесот на донесување на урбанистичките планови и закони во Собранието. (х. „Хилтон“/ 12:30)

Скопје – Четврто издание на Младински филмски фестивал – ММФ 4. (Кинотека/ 20:00, филмска програма/ 20:30, музичка програма Лабораториум тераса/ 22.30)

Скопје – Отворање на изложбата „Чиста технологија“ (Clean Tech) и Фестивалот на зелените звуци (Sound of Green Festival) во организација на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија заедно со Пакомак и Макстил. (МКЦ/ 19:00)

Битола – Изложба „Парчиња живот“ на Бојана Артиновска.  (НУ Центар за култура, фоаје/ 19:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан