• петок, 05 декември 2025
МИА Најави - МКД

13 јуни 2025

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Собрание на РСМ, сала 6 / 10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“ / 11:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правна комисија. (Собрание на РСМ, сала 6 / 12:00)

Охрид - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на пуштањето во употреба на реконструираниот патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум. (Паркинг на Заливот на коските / 13:00)

Скопје - Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто во работна посета на Република Северна Македонија. (Пристигнување пред  МНРиНТ / 10:30, тет- а-тет средба на министрите / 10:35, потпишување на меѓувладина спогодба / 11:00, официјална средба на делегациите / 11:10, прес-конференција и изјави за медиумите / 11:50)

Скопје - Министерот за правда Игор Филков ќе одржи работна средба со новинарите. (Клуб на пратеници / 11:00, изјава за медиуми / 12:30)  

Скопје - Прес - конференција на државниот јавен обвините Љупчо Коцевски и обвинителскиот тим кој ја води истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во клубот „Пулс". (ЈОРСМ / 12:00)

Охрид -  Изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, кој учествува на панел сесијата „Енергетска ефикасност и интеграција на обновливи извори на енергија во комуналниот сектор“ во рамки на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“. (х. Метропол / 11:00)

Битола - Информативен ден за Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. (Сала на кино „Манаки“ / 11:00)

Скопје - Одбележувањето на 80-годишнината од раѓањето на д-р Зденка Рибарова. (Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ / 11:00 )

Скопје - ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација - Скопје во соработка со Здружението за поддршка на лицата со афазија „ХОУП“ организира панел дискусија на тема „Афазија“ . (ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација - Скопје, при Клинички центар ул. „Белградска“ 15 / 11:00)

Охрид - Проектот ЕУ за Mлади, во соработка со Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ од Охрид, организира настан за претставување на резултатите од реконструкцијата на училиштето, како и за истакнување на пошироките придобивки од поддршката на Европската Унија за стручното образование во Северна Македонија. ( РЦСОО „Ванчо Питошески“ / 12:00)

Скопје -  „Фантазија“ - тадиционален концерт на Македонската филхармонија.  (Градскиот парк / 20:30 )

Скопје -  Традиционална меѓународна книжевна манифестација „Празник на липите“. (Друштвото на писателите на Македонија / 12:00)

Скопје - Промоција и читачки кружок на „Суспендирана итност“, првата збирка есеи од Ивана Хаџиевска. (Кафе-книжарницата „Буква“ / 19:00)

Тетово - Промоцијата на муралот на Недим Бајрами, како посебна благодарност за достигнувањата и достојното претставување на нашата земја. Изјави за медиуми на градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами и на Недим Бајрами. (ОСУ „Ѓоце Стојчески“ / 15:00)

Струмица - Советување „Библиотеката темел на писменоста“, со работна тема „Споделување на добри практитки во библиотечната дејност“. (Голема сала на Дом на АРМ  / 12:00)

Виена - Македонскиот пијанист Дино Имери ќе настапи со капиталното дело на Јохан Себастијан Бах – „Голдберг варијации“ во „Бехштајн Центрум“.

 

_______________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан