• недела, 19 мај 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

29 мај 2023

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание, сала 4/11:00)

Криволак - Ден за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“ ( Immediate response 23), каде припадниците на армиите кои учествуваат на вежбата ќе презентираат комбинирани копнени активности „Мултинационална чета во напад, подржана со артилериска, воздушна и противоклопна подршка“. (Армиски полигон „Криволак“/11:00)

Скопје - Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ Сташа Кошарац во официјална посета на Северна Македонија.

-Средба со министерот за економија Бектеши. (Министерство за економија/10:00)

-Потшишување на два билатерални договори. (Министерство за економија, Сала 1/10:30/Медиумите да пристуигнат во Министерството најдоцна до 10:15)

Гостивар - Министрите за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и за локална самоуправа Ристо Пенов ќе присуствуваат на отворање на Дневен центар за лица со попреченост во село Градец, Општина Врапчиште. (13:00)

Неготино - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со членовите на здружението Македонски дестилерии во Неготино (Дестилерија „Версус“/ 13:30)

Куманово - Промоција на е-услугите: Регистрација на Еид (eID); Увид во листа на логови за спроведен пристап до личните податоци на корисникот; Потврда за содржани лични податоци во Централниот регистар на население, на која е најавено присуството на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и на претседателот Стево Пендаровски. (Една точка за услуги (ЕТУ) Куманово/11:00)

Скопје - Заменик-министерката за здравство, д-р Маја Манолева и директорот на Здравствен дом-Скопје, проф. д-р Виктор Исјановски ќе дадат изјави за медиумите. (Aмбуланта „Бутел“/11:30)

Делчево - Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Политики за развој на инфраструктурата“ на која еден од говорниците е и лидерот на партијата Христијан Мицкоски. (Дом на култура „АСНОМ“/18:00)

Скопје – Интерактивен семинар за медиуми за најновите случувања во енергетскиот сектор во организација на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во соработка со Проектот на УСАИД - Поврзани за развој. (Ресторан „Трибека“/10:30; изјава за медиумите на претседателот на РКЕ Марко Бислимоски/13:00)

Скопје - Годишната конференција на Македонската асоцијација за управување со отпад (МАСВА) „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад“. ( Х. „Холидеј Ин“/10:00)

Охрид - Конференција на тема „Проектни предизвици - Локална самоуправа, граѓански организации, образование и спорт“ во организација на Здружението за развојни иницијативи Геостратешки институт ГЛОБАЛ. (Х. „Тино“ во Свети Стефан“/13:00)

Скопје - Промоцијата на Пилот проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви. (Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, сала број 1/11:00)

Гостивар - Јавен настан „Граѓанските дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. (Простории на општина Гостивар/13:00)

Скопје - Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Форумот на граѓански организации на помалубројните заедници. (Министерство за политички систем и односи помеѓу заедниците, прв кат, сала еден/12:00)

Гостивар - Описна изложба посветена на италијанскиот сликар од ренесансата, Петро Ванучи, по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Италија. (Општина Гостивар/18:00)

Белград - Проекција на реставрираната верзија на првиот македонски игран филм „Фросина“ во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Белград „Допир на Македонија“, во организација на здружението „Македониум“. (Југословенска кинотека, сала „Макавејев“/19:00)

Скопје – Хуманитарен концерт „Пролетна синфонија“ на камерниот оркестар „Ајга“. (Голема сала на Фолхармонија/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан