• четврток, 04 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

4 септември 2025

Брвеница - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Брвеница каде ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во село Брвеница. (12:30)

Скопје - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе одржи прес-конференција. (Министерството за здравство-горна сала/11:00)

Небрегово - Промоција на книгата: „80 години Азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“. (Во спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово/11:00)

Небрегово - Културно-туристички настан „Зборот на Конески - гајдата на Пеце“. (Во спомен-домот „Блаже Конески“  во Небрегово/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија и Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација. (во Three Kitchen & Bar (50-та Дивизија 25) /11:00)

Скопје - Свечена промоција на отчетот за работата на Општина Илинден во периодот 2021 – 2025 година, со јавно обраќање на градоначалникот Александар Георгиевски. (Дом на култура „Илинден“/19:30)

Кочани - Едукативни и културни активности за младите во Кочани, во организација на Јуроп хаус. (На градскиот плоштад, пред Домот на култура/18:00)

Скопје - Прес-конференција на Граѓанската платформа „Независни заедно“. (На мостот „Киро Глигоров“ пред црквата Јован Крстител во паркот Авионче/13:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Девет гледни точки | Централна точка – Хенри Мур“ - меѓународна групна изложба на слики, цртежи и графики. (Галерија ОСТЕН Скопје/19:00)

Валандово - Промоција на винил изданието на ансамблот „Распеани Валандовчани“. (Кино-сала во Валандово/20:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини**

 

Остани поврзан