МИА Најави - МКД
- 2 септември 2025
2 септември 2025
Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 67. седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Сала 6/ 10:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески ќе го посетат основното училиште „Блаже Конески“, каде на учениците од 4то одделение ќе им бидат доделени таблет уреди обезбедени од локалната самоуправа. (9:15)
Скопје - Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија. (во Генералштабот на Армијата/08:45, пристигнувањето најдоцна до 08:15)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (прес-центар за Собрание/10:30)
Скопје - Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК), во рамки на проектот „Национална конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК)“, ќе биде домаќин на 17. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23). (во хотел „Панорамика“ во Скопје/10:00 до 13:30)
Тетово - Изјава на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами кој ќе присуствува на распределба на канти за селекција на отпадоци. (Спортски центар кај игралиштето за тенис/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Националното студентско тело на Република Северна Македонија, на која ќе го објават официјалното барање до Министерството за образование и наука за зголемување на висината на сумата за субвенциониран студентски оброк. (Студентски културен центар СКЦ – Скопје/13:30)
Скопје - Еко свест организира дискусија за ставањето во функција нова алатка - „Зелен телефон“ (алатка за советување и правна поддршка на граѓаните во однос на решавање на еколошките проблеми во нашата земја). (во „Излет Кафе“, ул. Мирослав Крлежа 25, 1000 Скопје/10:00 до 11:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***