• четврток, 04 декември 2025
МИА Најави МКД

31 јули 2025 

Скопје - Собранието ќе ја одржи 61-та седница. (Сала „Македонија“ /11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4 /10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6 /10:30)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6/10:45)

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија /10:00)

Скопје - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, ќе се обратат на свечената церемонија на потпишување на договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата. (Министерство за животна средина и просторно планирање, 7-ми кат /11:00)

Скопје - Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, ќе одржи настан во рамки на одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот Холокауст 2 Август. (Клуб на пратеници /10:00)

Битола - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски и основниот јавен обвинител на ОЈО Битола, Оливера Нечаковска ќе го означат официјалниот старт на работата на Истражниот центар во Основното јавно обвинителство Битола. (ул. „Димитар Илиевски - Мурато“ бр. 24а - 6 кат/12:00)

Скопје - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе одржи брифинг со медиумите. (Сала на Советот на Град Скопје/11:00)

Скопје - Седница на Советот на Општина Тетово. (10:00)

Битола -  Градоначалникот на Тони Коњановски ќе приреди прием за ансамблите од странство учесници на фестивалот „Илинденски денови“. (Општина Битола/10:00)

Битола - Интернационална фолклорна разгледница. (Широк сокак/11:00)

Битола - Свечено затворање на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. (Офицерски дом/20:00)

Скопје - Почнува снимање на филмот„ Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски. (Акредитираните медиуми да бидат во 20:15 пред задниот (службен) влез на Македонската филхармонија/ изјави на дел од филмската екипа /20:30)  

Охрид - Концерт на Дамјан Пејчиноски. (Центар за култура „Григор Прличев“/21:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан