• сабота, 11 мај 2024
МИА Најави МКД

1 ноември 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со потпретседателката на германскиот Бундестаг, Ајдан Озогуз. (Собрание, Сала на Уставна комисија/16:00)

Скопје - Седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Сала „Борис Трајковски“ /11:00)

Скопје - Сседница на Советот за безбедност. (Кабинет на претседателот/12:00, сниматели и фоторепортери/11:30)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод Националниот ден на осигурувањето – 1 Ноември, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) (Голема сала на 5 кат – Стопанска комора на Северна Македонија /10:30)

Јегуновце - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски ќе направат теренска посета на локацијата во селото Туденце, каде што отпочнуваат работите за санација и регулација на коритото на горниот тек на река Вардар во Јегуновце. (Локација:https://www.google.com/maps?q=Туденце&ftid=0x1354098b30fdf767:0x40152ca996c954f2&entry=gps/10:00, Изјави за медиумите /10:10)

Скопје - Конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ на тема „Building bridges towards our common digital future“ под мотото #DigitalUnited. (х.„Хилтон“ /9:45, изјави за медиумите /12:10)

Скопје - Доделување на 14 стипендии за студенти на математичките насоки на ПМФ, доделување награда за најдобар истражувачки труд на студент за влијаението на Ковид -19 пандемијата врз осигурителните пазари во земјите на Источна Европа и панел дискусија на тема „Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој“ по повод одбележување на националниот ден на осигурувањето 1 ноември. (Стопанска комора, свечена сала, 5 кат /10:30)

Скопје - Прва Ренална експертска академија. (х.„Мериот“, Сала 2 /9:00)

Скопје - Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ) ќе одржат брифинг. (Простории на МЦМС /9:30)

Скопје - Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (На спортското игралиште во состав на Општинско основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ /10:30)

Скопје - Панел-дискусија „До правда преку неправда: правосудството дежурна жртва на ‘повисоките цели’ во организација на Балкански центар за конструктивни политики Солуција. (БЦКП „Солуција“ /13:00) 

Скопје - Отворање на Скомрахи 2023, 31-ви меѓународни средби на студенти на драмските и филмски академии со краткиот филм „Тага“. (Драмски театар /20:00)

Скопје - Промоција на збирката поезија „Стражари на ноќта“ од Марија Митева. (Мала станица /20:00)

Скопје - Концерт на SO SNER (Австрија). (Салон 19:19 /20:00)

______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

Остани поврзан