• петок, 05 јули 2024
МИА Најави МКД
18  февруари 2020 Скопје - Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Италија, предводена од Началникот на ГШ на ВС, генерал Енцо Вичиарели ќе претстојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија. (Генералштаб на Армијата, пристигнување на сниматели и фоторепортери/9:10, за време на посетата не се предвидени изјави за медиумите) - Свечена церемонија со почести за дочек на платото пред МО и ГШ (фото и видео инсерти/9:25) - Средба со НГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски (фото и видео инсерти/9:30) - Потпишување во книгата на впечатоци (фото и видео инсерти/9:50) - Средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска (фото и видео инсерти/10:00) - Работен состанок со дел од клучниот персонал во ГШ на Армијата (фото и видео инсерти/10:35) Скопје - Презентација и дискусија по повод програмата за работа на ЈП Лајка во организација на Град Скопје. (Сала на Совет на Град Скопје/18:00) Скопје - Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ќе одржи прес-конференција на која ќе биде промовиран новиот проект за продукција на туристичка фото брошура. (АППТ, ГТЦ, 2 кат/11:00) Тетово - Комисијата на Демократската партија на Албанците за транспорт, врски и урбанизам ќе одржи прес-конференција за проблемите со кои се сочуваат граѓаните во овој сектор. (Седиште на ДПА/11:00) Скопје - Промоција на доктори на науки на кандидати кои докторирале на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. (УКИМ/10:00) ______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан