• понеделник, 25 ноември 2024
МИА Најави - МКД
21 јануари 2020 Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 130. седница. (Сала „Македонија“/12:00) Скопје - Заменик - народниот правобранител Соња Трифуновска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Собрание, Охридска сала/9:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 10/ 12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 4/ 12:00) Скопје - Собраниската Законодавно-правна комисија ќе ги одржи 222. и 215. седница. (Сала „Борис Трајковски“/12:30) Штип - Владата во Штип ќе ја одржи редовната четврта седница. Премиерот Оливер Спасовски и министрите ќе имаат и серија активности: - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски како дел од неговите активности во пресрет на владината седница ќе изврши увид во работата на пречистителната станица Злетовица во населба Баби. (12:30, по увидот се предвидени изјави за медиуми)  - Пред одржувањето на владината седница вицепремиерот и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс ќе ја посетат Касарната „Јане Сандански“ во која се реализира обука под менторство на припадниците на вооружените сили на Обединетото Кралство. (13:30) - Претседателот на Владата, Оливер Спасовски во придружба на вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори, Мила Царовска, на дополнителниот заменик - министер за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, и на директорката на УЈП, Сања Лукаревска, ќе ја посети текстилната компанија „Албатрос“ во Штип, каде што ќе оствари средба со менаџментот и вработените во фабриката. (14:00, по средбата се предвидени изјави за медиуми) Скопје - Делегација на Секретаријатот за европски прашања предводена од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ќе остари средба со делегацијата од Државната изборна комисија предводена од нејзиниот претседател Оливер Деркоски. (ДИК /10:00, изјави за медиуми/11:00, пристигнување на медиумите/10:45)

Скопје - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе даде изјава за медиумите за Предлог-законот за постапување со бесправно изградени објекти. (Пред Министерство за транспорт и врски/10:30)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи прес-конференција за последните измени и дополнувања на Законот за минерални суровини. (Министерството за економија/10:00) Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (ДИК/11:00)
Скопје -  Еднодневна конференција на тема „Статус и положба на национални малцинства во Република Хрватска и Република Северна Македонија“.(х.„Панорамика“, населба Водно /9:30)
Скопје - Првата детската амбасада во светот Меѓаши ќе одржи прес-конференција на тема „Презентација на Периодичниот извештај за застапеноста на детските права во работата на Собранието на Република Северна Македонија, за периодот јули – декември 2019 година“. (х.„Порта“, конференциска сала/10:30)
Скопје - Прес-конференција на Неформалната организација „Стоп за извршителите“. (Пред споменикот на АСНОМ, во паркот Жена-борец/11:55)
_______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
     

Остани поврзан