• четврток, 11 декември 2025
МИА Најави МКД (ДПЛ)

11 декември 2025

Скопје – Настан „Поттикнување на инклузивни општества за лицата со попреченост за унапредување на социјалниот напредок“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост и Меѓународниот ден на човековите права на кој ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши и претседавачот на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, Никола Мицевски. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Собрание, Сала 5/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание, Сала 4/12:00)

Истанбул - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025.

Кишињев - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во дводневна работна посета на Република Молдавија.

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе ја посети Националната установа Природонаучен музеј Скопје. (10:00; изјави за медиуми/10:15)

Струмица - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, по повод „Денот на Заштитниците на Струмица“ ќе присуствува на Свечената седница на Советoт на Општинa Струмица. (Изјава за медиуми во 11:30 часот во НУЦК „Антон Панов“)

Скопје - Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“ на која ќе се обратат министрите за локална самоуправа и за дигитална трансформација, Златко Перински и Стефан Андоновски. (х. „Александар Палас“/10:00)

Скопје - Прес-конференција ќе одржи претседателот на СДСМ Венко Филипче. (Седиште на СДСМ /10:45) 

Скопје – Прес-конференција на Синдикатот на УПОЗ. (Зграда на ССМ на 6-ти кат/10:30)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази. (Општина Сарај/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Миле Лефков пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. (Седиште на ВМРО-ДПМНЕ/9:30)

Скопје - Завршен настан од циклусот книжевни средби и работилници „ПАРАЛЕЛИ И СИНТЕЗИ: Рецепцијата на современата македонска книжевност во Република Србија“, којшто Српскиот културно-информативен центар „Спона“ го остваруваше оваа година. (КИЦ, салон „Империјал“/12:00; изјави за медиуми/11:55)

Белград - Свеченост по повод Денот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија на која ќе присуствуваат и претставници од организацијата Support Kočani. (КЦ ГРАД/19:00)

Софија - Настан „Литературни портрети и претставување на книгите: „Културното наследство и вредностните канони“ од Маја Јакимовска-Тошиќ и „Книжевни Паметници“ од Наташа Аврамовска“. (Македонски културно-информативен центар во Софија /18:30)

Скопје - Промоција на единаесеттиот број на меѓународното научно списание „Ars Academica“. (ФДУ /18:00)

Скопје - Заеднички концерт на Мартин Џорлев, Нинослав Спировски и Мартин Георгиевски. (Социјален центар Дуња /20:00)

___________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан