МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 25 април 2025

25 април 2025
Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи проштална средба со катарскиот амбасадор Шеик Јасим Бин Хамад Ал-Тани. (Собрание, Стар кабинет/14:30)
Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе биде домаќин на потпретседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора Ервин Ибрахимовиќ, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија:
– пристигнување и официјален пречек. (10:15)
– тет-а-тет средба меѓу министрите Муцунски и Ибрахимовиќ. (10:20)
– потпишување Меморандум за разбирање и билатерална средба со делегациите на двете министерства. (10:40)
– заедничка прес-конференција на министрите Муцунски и Ибрахимовиќ. (11:30)
- Средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со потпретседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора Ервин Ибрахимовиќ. (Собрание, Сала на Уставна комисија/12:05)
Скопје - Прес-конференција на министерката за образование и наука Весна Јаневска. (МОН /11:30)
Скопје - Прес-конференција на потпретседателот на ССМ за приватен сектор Иван Пешевски за состојбите со работничките права во приватниот сектор и за најавениот протест на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) на 1 Мај. (Работнички дом - Зградата на ССМ-10 кат/12:30)
Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе извршат увид во градежните работи за реконструкција на спортската сала Работнички во Градскиот парк. (13:00, предвидени се изјави за медиумите)
Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ќе одржи работна средба со в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, во чии рамки ќе бидат потпишани и неколку меморандуми за соработка помеѓу двете институции. (Општина Карпош /13:30)
Скопје - Ветеринарната комора на Република Македонија ќе одржи состанок со преставници на своето членство на кој ќе се разговара за тековните предизвици со кои се соочуваат во работата. (12:00)
Штип - Седница на советот за развој на ИПР во мултимедијалниот центар Киро Глигоров во Штип. (Почеток на седницата 11:00, Изјави за медиуми веднаш по завршување на седницата)
Скопје - Трибина „Кои се правата на писателите?“. (Друштво на писателите на Македонија/19:00)
Софија - Изведба на претставата за деца „Свадби на животни и нешта“ на театарот „Сенки и облаци“ од Скопје. (Галерија на Културно-информативниот центар во Софија/18:30)
Скопје - OUTDOOR & TRAVEL FAIR 2025 - саем посветен на авантуристичкиот начин на живот. (Skopje City Mall/11:00-18:00)
Скопје - Портокалова велосипедска тура во рамки на „Деновите на Холандија“ во организација на Амбасадата на Кралството Холандија и „Гоу Грин Скопје“. (Пред „Ист гејт мол“/16:00-17:00)
Скопје - Концерт на Националниот џез оркестар и француските уметници Пјер Миле (труба) и Бети Жардан (вокал). (Филхармонија/20:00)
Битола - Отворен ден на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и гостување на проф. д-р Хаике Траутман, претседателка на Алијанса на европски универзитети КОЛОРС и д-р Анете Клинкерт, директорка на КОЛОРС. (Офицерски дом/изјави за медиуми во 10:40)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***