• четврток, 26 март 2026
МИА Најави МКД (ДПЛ)

14 октомври 2025

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе биде домаќинка на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. (пристигнување на медиумите во Кабинетот на претседателот/9:45) 

- Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести. (10:30)

- Тет-а-тет средба. (10:45) 

- Пленарен состанок на делегациите. (11:15)

- Потпишување на Меморандум за соработка во областа на економијата од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и словачкиот министер за економија, Владимир Шимоњак. (11:55) 

-Заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пелегрини. (12:10)

Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи средба со претседателот на Словачка, Петер Пелегрини. (Сала Длаборез/15:00)

Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши, заменик-главниот државен ревизор Орхан Адеми и претседателката на Судот за ревизија на Романија Мирела Калугерану ќе одржат средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски. (Сала на Влада/13:30)

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе го посети комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). (10:15, изјава за медиуми)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на настан во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на агендата за одбележување на „ЕРАЗМУС денови 2025“. (ОУ „Ацо Шопов“ во општина Бутел/10:00)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ќе одржи прес-конференција по повод првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика и Антена“ (AI Antenna Factory). (Медија центар на Влада /12:00, новинарските екипи да пристигнат 15 минути пред настанот) 

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе се обрати на дводневниот транснационален настан посветен на унапредувањето на културното наследство преку европска соработка: Мрежи, мобилност и можности за финансирање од ЕУ. („Порта Македонија“ /10:00)

Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“ /9:00)

Скопје - Директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, деканот на Градежен факултет, Јосиф Јосифовски и деканот на Архитектонски факултет, Анета Христова Поповска, ќе оджат прес-конференција на тема „Реконструкција на Железничка станица Скопје“. (Железничка станица Скопје перон бр. 3/11:00)

Скопје - Прес-конференција за изложбата на уметникот Ибрахим Махама. (Музеј на современата уметност/11:40) 

Скопје - Отворање на изложбата на Ибрахим Махама. (Музеј на современата уметност/18:00)

Битола - Дигитална изложба „Фауна“. (Широк сокак)

Скопје - Концерт на пијано триото АСТНИДЕ, Германија. (Музеј на македонската борба/20:00)

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025:

Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (Седницата ќе се емитува и во живо на Јутјуб каналот на ДИК /https://www.youtube.com/@secmk499/streams /12:00)

Пробиштип/Кратово/Ранковце/Крива Паланка - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат митинзи во Пробиштип (17:00), Кратово (16:30), Ранковце (19:30) и во Крива Паланка (20:30)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. (Штаб наспроти Тренд/11:00) 

Сарај/Чаир/Новаци/Ресен/Битола - Изборниот карван на СДСМ и коалицијата ќе одржат митинзи во Сарај (17:30), Чаир (17.30), Новаци (17:30), Ресен (18:30) и во Битола (20:00).

Скопје - Изјава за медиумите на Каја Шукова - кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата. (Седиште на СДСМ/10:00)

Скопје - Претставници на ВРЕДИ ќе имаат средба со Стопанска комора на северо-западна Македонија. (х.Aктор/11:00, изјави за медиумите/12:15)

Скопје - Прес-конференцијата на потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми и кандидатот за градоначалник на Сарај, Блерант Рамадани. (седиште на ДУИ во Скопјe / 11:00)

Скопје - Средба со граѓани во Кисела Вода, на која ќе присуствуваат претседателот на Левица Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Град Скопје Амар Мециновиќ и носители на листи. (Расадник (Кит - го)/18:00)

Скопје - Средба со граѓани во Карпош, на која ќе присуствуваат претседателот на Левица Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Град Скопје  Амар Мециновиќ и носители на листи. (Лептокарија - Карпош/20:00)

Скопје - Прес-конференција на Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.(Кај старите магацини на „Славија“ (позади „Веро“ маркет), во општина Кисела Вода/11:55)

Скопје - Портпаролот на Изборниот штаб на ВРЕДИ – Чаир, Сабри Азири, ќе одржи прес-конференција. (Во Штабот на ВРЕДИ Плоштад Скендербег /14:30)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан