• четврток, 26 март 2026
МИА Најави ДПЛ

15 октомври 2025

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 15 Октомври - Меѓународниот ден на белиот стап, ќе присуствува и ќе се обрати на настан организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје. (ДСУРЦ „Димитар Влахов“ – Скопје / 12:00)

Скопје - Свечено отворање на 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров", на кој ќе се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. (Театар за деца и младинци/19:00)

Скопје - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во посета на земјава:

- премиерот Христијан Мицкоски ќе ја пречека пред Владата. (15:45)

- тет-а-тет средба (Влада/15:50)

- билатерална средба (16:05)

- средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова (Вила Водно / 16:30)

Брисел - Министерот за одбрана на Владо Мисајловски заедно со делегација од Министерството ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, како и на состанокот на Контакт групата за Украина. (Седиште на НАТО)

Прилеп - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и пратеникот Дејан Проданоски ќе го посетат караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција на Националниот портал - uslugi.gov.mk. (Плоштад „Методија Андонов – Ченто“/11:00, предвидена изјава за медиумите, пристигнување на медиумите/10:45)

Гостивар - Министерот за здравство Азир Алиу ќе ја посети Општата болница Гостивар. (10:30, изјава за медиумите по посетата) 

Скопје -  Уставниот суд ќе ја одржи 21-та седница. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“/9:00)

Дојран - Националната федерација на фармери (НФФ), со поддршка на Шведска и Шведската организација за развој We Effect, ќе го одбележи Меѓународниот ден на руралните жени.

Скопје - Информативно-едукативни активности посветени на подигнување на свеста и грижата за менструалното здравје кај младите жени во рамки на Проектот #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА – Bestie. (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Филозофски и Филолошки факултет „Блаже Конески“/11:00-14:00)

Скопје - Промоција на монографијата „Летај Галебе“, посветена на маестро Кире Костов - еден од најзначајните македонски композитори, аранжери и диригенти. (Дајмонд Мол, кафе „Литература“ во Дајмонд Мол/19:00)

Скопје - Отворање на музичката работилница насловена „Две Kултури – Еден Ритам“, организирана во соработка помеѓу насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и Турскиот Културен Центар – Јунус Емре. (Институт Јунус Емре/9:00)

Скопје - Изложба и презентација на проектот „Човек во размер - (ре)откривање на јавен простор“ на Максим Наумовски и Иван Ивановски. (К.С.П. Јадро/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата на  „Иконописот - коренот на македонското сликарство“ на Славиза Танеска. (Галерија „КО-РА“ - салон сутерен/20:00)

Скопје - Премиера на драмската претстава "Молкот на Марија Магдалена". (Салон 19:19/20:00)

Скопје - Премиерата на документарниот филм Рекет - 1 дел. (х.„Хилтон“/20:00,предвидена е прес-конференција по прикажувањето)

Скопје - Фестивал на камерна музика „Златна лира“ на музичките уметници на Македонија. (Музеј на македонската борба)

Локални избори 2025:

Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (11:00 / седницата ќе се емитува и во живо на Јутјуб каналот на ДИК - https://www.youtube.com/@secmk499/streams )

Македонска Каменица/Пехчево/Берово/Делчево - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат митинзи во Македонска Каменица (16:00), Пехчево (17:30), Берово (19:00) и во Делчево (20:30)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. (Во  штабот наспроти Тренд/10:30)

Центар Жупа/Дебар/Гостивар/Маврово-Ростуше - Изборниот карван на СДСМ и коалицијата ќе одржат митинзи во Центар Жупа (17:30), Дебар (17:30), Гостивар (18:30) и во Маврово-Ростуше (20:00)

Скопје - Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. (седиште на СДСМ/12:00)

Скопје - Изјава за медиуми на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова. (локација: https://maps.app.goo.gl/ZY2ZfQzDXQfSTHaL8?g_st=aw    /10:30)

Скопје - Кандидатот за градоначалник Изет Меџити, ќе ја посети депонијата „Дрисла“, каде што ќе
даде изјава за медиумите. (11:30)

Скопје - Прес-конференција на Движење Слободни и независни. (Пред седиштето на ЈП Водовод и канализација Скопје, ул. „Лазар Личеноски“ бр. 9, Скопје/12:30) 

Скопје - Средба на Стопанската комора на Северозападна Македонија со независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќира. (простории на СКСЗМ/10:00, изјави за медиуми/11:45)

Гостивар - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми. (центар на градот Гостивар/10:00)

Радовиш -  Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, носителот на листа Љупка Трајкова, и останатите кандидати за советници ќе одржат средби со граѓани. (Музеј на љубовта и уметноста/16:00)

Струмица - Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, носителот на листа, Јасмина Пијанманова, и останатите кандидати за советници на средба со граѓани. (Градски плоштад ,,Гоце Делчев"/18:00)
 


___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан