МИА Најави-свет
- Сараево – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Сараево ја завршува посетата на регионот.

1 Ноември 2023
Сараево – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Сараево ја завршува посетата на регионот.
Мастрихт – Триесетгодишнина од стапувањето во сила на Договорот од Мастрихт, со кој беше создадена Европската унија.
Стокхолм – Меѓународниот институт за демократија и изборна помош ќе го објави годишниот извештај за состојбата на демократијата во светот.
Астана – Францускиот претседател Емануел Макрон во дводневна посета на Казахстан и Узбекистан.
Бејрут – Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни во посета на Либан.
Лусака – Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во посета на Замбија.
Блетчли, Велика Британија – Почнува дводневната меѓународна средба за вештачка интелигенција.