• недела, 22 декември 2024

МИА и Архивот дигитализираа над 12 илјади фотографии создадени во период од 1999-2000

МИА и Архивот дигитализираа над 12 илјади фотографии создадени во период од 1999-2000

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Медиумската информативна агенција (МИА) во соработка со Државниот архив на Република Северна Македонија дигитализираше над 12 илјади фотографии од негативи создадени во периодот 1999-2000 година. 

Директорот на МИА Драган Антоновски ја истакна важноста на дигитализацијата на фотографиитете за кои рече дека филмовите конечно се згрижени и дека токму Државниот архив е местото каде што тие ќе бидат најбезбедни.

null

-Јас сум особено горд што успеавме да го заокружиме ако можам така да го кажам, овој прв дел од нашата соработка заради тоа што континуитетот на се она што треба да биде архив и на Медиумската информативна агенција и воопшто на државата, филмовите се згрижени конечно. Институционалната вредност и на Архивот и на државата и на МИА, тежината на она се’ што го имаме да остане на следните генерации е од особена важност да се зачува и мислам дека државниот Архив е вистинското место каде што тоа ќе биде безбедно, сигурно и каде што ќе може идните генерации да го користат, истакна Антоновски.

Директорот на Архивот Христа Најденов појасни дека дел од копијата од дигитализираните фотографи ќе останат на чување во државниот Архив на Република Северна Македонија со можност за понатамошно истражување и користење на истите. 

null

-Се надевам и на понатамошна заедничка соработка се со цел за да што повеќе вакви материјали коишто се и од историска важност за државата и за вашата институција, порача Најденов.

Меморандумот за соработка, кој се однесува во полето на науката, образованието и културата, а предвидува дигитализација на фотографии и други материјали од архивата на МИА се реализираше во период од 10 месеци во кој беа дигитализирани 12.665 снимки од негативи во ЈПГ формат. бк/ац/

Фото: МИА

Линк до фотогалерија

Остани поврзан