• понеделник, 23 декември 2024
МИА Радиофлеш
30 август 2021  – Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре во Скопје ќе биде домаќин на својот грчки колега Никос Дендиас, кој доаѓа во официјална посета на Северна Македонија. Како што соопшти МНР, во делот на билатералната соработка, фокусот на разговорите се очекува да биде ставен на интензивната динамика во средбите на највисоко ниво, унапредувањето на билатералната соработка и договорната состојба, што уследи по потпишувањето на договорот од Преспа. Ќе се разговара и за спроведените активности согласно договорот, како од страна на Северна Македонија така и од страна на Грција. -Пред почетокот на новата учебна година, земјите во регионот Србија, Хрватска и Бугарија, а меѓу нив и нашата земја ги соопштија одлуките наставата за учениците да се одвива со физичко присуство под јасно утврдени здравствени протоколи, за разлика од минатата година, кога во повеќето држави имаше целосно затворање на училиштата. -Надлежните се согласни дека за здравјето на учениците е приоритет, но за епидемиолошката состојба да биде стабилна и наставата да се одржува непречено до крајот на учебната година, неопходно е што поголем дел од населението да се вакцинира, пред сè родителите и просветните работници, сопштуваат од Министерството за здравство.  -За време на викендот до денеска регистрирани се десетина пожари на отворен простор, каде горела сува трева и дабова шума, сите се локализирани и изгаснати, информираат од ЦУК. Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи во атарот на село Дрен, горела сува трева и дабова шума. Интервенирано е со едно ПП возило и три пожарникари. - Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се повисоки за 1,6 проценти на месечно и за 9,9 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со јуни, продажните цени се повисоки во групите Енергија за 9,9 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти и Капитални производи за 0,3 процентио. - Поранешни вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска пред локалната самоуправа протестираа и бараа решавање на нивните проблеми кои, како што велат, со години се одложуваат. Меѓу барањата се исплата на придонесите за 6,5 години во вкупна висина од 2,5 до 3 милиона евра, иако за тоа, потенцираа, Парламентот има донесено Закон, а Владата Одлука. - Албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по анализа на состојбата со Ковид-19, донесе одлука за воведување нови ограничувачки мерки за влез во земјата а го зголеми и времетрањето на полицискиот час, кои стапуваат во сила од први, односно шести септември. -Почнувајќи од 1 септември, полициски час ќе трае од 23 до 6 часот, додека од од 6 септември, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да исполнуваат еден од следниве три услови: да поседуваат пасош за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда дека прележале Ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето, иформираше Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство. - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција е подготвена да биде присутна како посредник во БиХ, доколку тоа го сакаат Бошњаците, Србите и Хрватите, односно ако се согласи тричленото претседателство на БиХ. На прашањето каква улога ќе има Турција во БиХ, по враќањето од посетите во Црна Гора и БиХ, Ердоган на новинарите во Истанбул им рече дека „Турција ќе биде присутна доколку Бошњаците, Србите и Хрватите во БиХ се обединат и сметаат дека треба да и дадат таква задача на Турција“. -Европската унија планира да им препорача на земјите -членки да ги обноват ограничувањата за туристите од САД поради зголемувањето на нивото на инфекции со коронавирус во таа држава, објавија денеска европски дипломати.

Најновите упатства може да пристигнат веќе оваа недела, според дипломати на ЕУ, кои зборуваа под анонимност, бидејќи процесот на ревизија се уште е во тек.

-САД го достигнаа бројот од над 100.000 хоспитализации на пациенти заболени од Ковид-19 дневно, приближно до бројот на хоспитализации за време претходниот бран коронавирус зимоска пред да започне вакцинацијата, објави Њујорк тајмс. 

На ниво на САД регистрирани се над 156.000 нови случаи инфекција дневно. 

- Компаниите за игри во Кина ќе мора да ги ограничат малолетниците да играат игри во петок, викенд и за празници на еден час дневно, јави Синхуа.

Новите правила за ограничување на времето што малолетниците ќе можат да го поминуваат играјќи игри преку интернет ги објави Националната администрација за медиуми и издаваштво како одговор на растечкиот проблем на овој вид зависност.

- Да се гарантира правото на државјанство и да се искорени бездржавјанството е достижна цел, сега поважна од кога било, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), додека меѓународната заедница ја одбележува 60-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата на ОН за намалување на бездржавјанството од 1961 година. – Новите глобални предизвици, какви што се Ковид-19 и ефектот на климатските промени, надополнети од упорните предизвици како што е растот на присилните раселувања, покажуваат колку е клучно правото на државјанство. Да имаш државјанство – и заштитата од страна на државата која тоа ја обезбедува – може да значи живот, што станува уште поточно во време на криза, без оглед на тоа дали се работи за вакцинација, евакуација или имање на потребната сигурносна мрежа во општеството, изјави Филипо Гранди, Високиот комесар на ОН за бегалци. -Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за денешниот ракетен напад кон аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул. – Војниците на калифатот истрелаа шест ракети кон меѓународниот аеродром во Кабул, се наведува во соопштението на ИД.

Тагови

Остани поврзан