• сабота, 29 јуни 2024
МИА Најави – МКД
1 април 2021 Загреб - Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе престојува во работна посета на Хрватска каде ќе биде примен од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Горан Грлиќ - Радман. Скопје - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе учествува на панел дискусијата „Пристап и креативни стратегии во креирањето на програми за вработување на младите“. (х. „Буши“, Стара скопска чаршија/11:00) Скопје -  Свечена академија по повод 70 години Државен архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ). (НУ „Музеј на македонската борба“/12:00, новинарските екипи да пристигнат најдоцна до 11:30) Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. (пред канцелариите на КССМ, ул. „50-та Дивизија“ бр. 25/11:30) Скопје - Четврти ден на Националната конференција за клима – Граѓански видувања на законот и стратегијата за климатска акција - работилница. (стрим на Фб-страниците на https://www.facebook.com/search/top?q=Eko-svest и на  https://www.facebook.com/search/top?q=CNVP%20Foundation, се предвидува интерактивно учество преку апликацијата MiroНаја /11:00) Скопје - Онлајн-разговор со професорката Весна Мојсова-Чепишевска по повод Светскиот ден на детската литература. (Фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“/19:00) Скопје – Оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Боженствениот звук на Малер“. (19:00)
__________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан