• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД
5 март 2021 Скопје – Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (сала „Борис Трајковски“/12:30) Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/13:00) Скопје - Прес-конференција на група пратеници од помалите партии на тема: Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик. (Собрание на РСМ, Прес-центар/12:00) Куманово - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на своите работни активности, ќе го посети Секторот за внатрешни работи Куманово каде ќе направи увид во градежните активности на објектот, по што ќе следува изјава за медиумите. (9:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши по повод Светскиот ден на енергетска ефикасност  ќе присуствува на потпишување на договор за јавно-приватно партнерство по ЕСКО-модел за јавно осветление помеѓу општината Крива Паланка како корисник и ЕСКО-компанијата „Македонски телеком“ АД Скопје. (Министерства за економија, сала на први кат/11:00, по што ќе следат изјави за медиумите пред влезот на Министерството) Скопје - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ќе се обрати на потпишувањето на Договорот со УНДП и Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа за соработка во рамките на проектот „По КОВИД: Општините како двигател на одржливиот развој“. (х. „Хилтон“/12:00) Скопје – Прес-конференција на Комората на сметководители на Македонија. (пред Министерство за економија / 11:00) ГП Богородица - Прес-конференција на СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ и грчката асоцијација на транспортери ОФАЕ. (на самиот граничен премин Богородица/7:30) Скопје – Прес-конференција на Здруженијата „Го сакам Водно“ и  „O2 Иницијатива“. (Градски парк, кај  „Школка“ / 11:00) Скопје - Турската заедница во земјава организира работилница во врска со пописот. (сниматели и фоторепортери, х. „Хилтон“ / 14:00) Скопје - Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива организира дебата на тема „Концепцијата за основно образование и образованието на албански јазик во Северна Македонија“. („Public Room“ /14:00) Скопје – Концертна изведба на „Шехерезада“ на Оркестарот на Националната опера и балет. (20:00) Кичево - Отворање на изложбата „Голема мајка“ на Љубе Алексовски. (Уметничка галерија во Центарот за култура „Кочо Рацин“ / 16:00) Кичево - Литературни средби во Кичево „Поетски ѕвезди 2021“. (Центар за култура „Кочо Рацин“ / 17:00) Битола - Хортикултурни библиотеки, ликовна изложба. (Универзитетска библиотека / 11:00)
_______________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан