• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
23 ноември 2022
Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со претставници на медиумите. (сала на Уставна комисија/ 10:00) Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски ќе остварат средби со делегација на Комисијата за надворешни работи и дијаспора на Република Косово. (Сала на Влада/ 11:00 – 11:30) и (Сала на Уставна комисија/ 11.35 -12:35) Скопје – Протоколарни средби на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со новоименуваниот унгарски амбасадор Андраш Клајн. (Стар кабинет/ 12:30) и со новоименуваниот амбасадор на ОБСЕ, Килијан Вал. (Стар кабинет/ 14:30) Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00) Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/ 14:00) Желино – Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод новата инвестиција на германската компанија „Киел“ во ТИРЗ Тетово. (ТИРЗ Тетово/ 10:00) Виена – Втор ден од работната посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Република Австрија. Истанбул – Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска учествува на регионална конференција за родово одговорно буџетирање. Скопје – Прес-конференција на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. (простории на Народна банка /10:00) Скопје – Трета конференција на тема: „Македонската економија во двоен шок – каде се движиме?“ во рамки на проектот М6 Чекор напред. (М6/ 17:00) Скопје – Шесто издание на Деновите на финансиската писменост на тема „Монетарна политика“ (официјални страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“/ 14:00) Скопје – Тркалезна маса на Македонската берза на тема: Излегување на берза – зошто никој не го „крши мразот“. (кино Cineplexx/ 11:00 -13:00) Скопје – Брифинг за иницијативата на Народниот правобранител за измена и дополнување на Законот за социјална заштита – член 44 став 2. (Народен правобранител, ул. „Македонија“ бр. 19, кат 3/ 11:00, без фоторепортери и сниматели) Скопје – Меѓународна конференција за стимулирање и забрзување на транзицијата кон циркуларна економија во организација на Фондација Претприемачки сервис за млади и Фондација за менаџмент и индустриско истражување. (х. „Хилтон“ и онлајн: https://go-circular.b2match.io/) Скопје – Стопанска банка организира настан по повод започнувањето на градежните работи на нов објект. (отворен паркинг спроти х. „Холидеј Ин“/ 12:30) Битола – Саем на креативни индустрии - Место за вашите креативни идеи! (Офицерски дом/ 11:00 – 19:00) Скопје – Меѓународна конференција под наслов: „Приватната безбедност во заштита на критична инфраструктура“ што се одржува во рамки на Деновите на приватно обезбедување 2022 година. (х. „Лимак“/ 9:30) Скопје – Евротинк-центар за европски стратегии организира настан на тема: „Младите и соработка во образованието меѓу Северна Македонија и Бугарија". (х. „Мериот“/ 14:00) Штип – Работилница и предавање за преведување на Филолошкиот факултет на УГД. (во Кампус 4, сала за седници, кат 4/ 11:30) Скопје – Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари организира панел дискусија на тема: „Обезбедување и почитување на човековите права во светот од 8 милијарди жители. Планирањето на семејството, како алатка за напредок”. (х. „Холидеј Ин“, конференциска сала/ 11:00 – 13:00, изјави за медиуми/ 10:30 – 10:50) Скопје – Центарот за култура и културолошки студи организира трибина со наслов: „Новиот прозен (женски) книжевен бран: жената и градот“. (Институт за македонска литература, Голема сала/ 11:00) Скопје – Изведба  на оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало. (Национална опера и балет/ 20:00) Скопје – Концерт „Stalking Heads“ на Ива Дамјановски. (Салон 19:19/ 19:19) Скопје – Промоција на последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“. (Галерија на Младински културен центар/ 19:00) Скопје – Промоција на книгата „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска. (Салон Империјал 2/ 19:19) Валандово – Второ издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“. (ЈОУ Дом за култура „25 Мај“/ 19:30)
________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан