• четврток, 16 мај 2024
МИА Најави МКД
25 август 2021 Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски ќе извршат увид на текот на активностите на проектот од ТАВ програмата за изградба на фекална канализација во н.м. Јурумлари. (ул. „10“ во близина на спортското игралиште зад објектот на поштата во н.м. Јурумлери/ 10:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, ќе го посетат село Раовиќ, при што ќе извршат увид на текот на активностите на проектот од ТАВ програмата за реконструкцијата на патот Буковиќ-Раовиќ. (11:00 / по завршување на увидот предвидени се изјави за медиумите) Приштина - Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Скопје – Министерката за култура Ирена Стефоска ќе ја посети НУБ „Свети Климент Охридски“. (11:00) Скопје – Македонското научно здружение за аутизам – МНЗА организира меѓународна конференција на тема „Лицата со аутизам во центарот на вниманието – поддршка преку индивидуално насочено планирање“. (на платформата ZOOM/ 12:00) Тетово – Пуштање во употреба на еко-инклузивно игралиште во ООУ „Истикбал“, донација на Халкбанк АД Скопје како дел од активностите на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од ЕУ. (изјави на главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши, претставник на Општина Тетово и претставник на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“/ 11:30) Скопје – Прес-конференција на Карате федерацијата на Македонија по големиот успех од ЕП во Тампере, Финска. (во просториите на АМС/ 10:00) ______________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан