• петок, 10 мај 2024
МИА Најави МКД
21 јули 2021  Скопје – Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (сала 6/12:00) Скопје – Седници на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/ 12:30, 13:00) Скопје – Тематска дискусија поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика и улогата на Собранието и парламентарната дипломатија во остварувањето на стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија во наредните десет години. (Клуб на пратеници /11:00, изјава за медиумите ќе даде министерот за надворешни работи, Бујар Османи/ 12:15) Скопје – Промоција на Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023, на која ќе се обратат вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Љубомир Јовески. (Клуб на пратеници/ 10:00) Демир Хисар – Изјава за медиуми на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод почетокот на работата на Нега Центар. (ул. „Маршал Тито“ бб/ 10:30) Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 50-та седница. (на платформата ZOOM, https://zoom.us/j/98534448161?pwd=U1hpTjIwakhLd0hEVzdjMm50VGpmUT09  /10:00) Скопје – „Презентација на наодите од кварталниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за период јануари - мај 2021 година“. (Клуб на пратениците, или преку платформата ZOOM,  https://us02web.zoom.us/j/84739392100   /10:30)  Скопје – Прес-конференција на градоначалниците на Град Скопје и на Општина Ѓорче Петров, Петре Шилегов и Александар Наумовски по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Лука Геров“. (на почетокот на улицата веднаш по надвозникот/ 11:00) Скопје – „Промоција на духот и културата на Албанската нација во креирањето на РСМ од нејзиното постоење до сега“. (во дворот на ТВ 21 на ул. „Македонија“/ 18:00) Тетово – Инаугурација на Технолошкиот парк во рамките на Универзитетот во Тетово. (на задниот влез на Економскиот факултет/ 12:00) Битола – Промоција на граѓанско движење ДОМ и ЛДП. (Завод и Музеј/ 19:00) Скопје – Скопскиот џез фестивал организира промоција на компакт-дискот „Апокриф“, првото издание на Добрила и Дориан дуо. (Кафе-книжарница „Буква“/ 14:00) Битола – Изложба  на фотографии „75 години - повеќе од игра и песна“, приредува Ансамбл „Орце Николов“ – Скопје. (Завод и Музеј/ 11:00) _________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан