• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

16 јули 2021 

Скопје - Прес-конференција на која ќе биде промовирана кампања за справување со непријавената работа во организација на Економско-социјалниот совет. (х.„Мериот“/11:00)

Скопје - Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира деталите од анализата за економските активности во ТИР зоните во првата половина од 2021 година. (Дирекцијата за ТИРЗ, бул.„Партизански Одреди“ бр.2/10:30)

Скопје -  Прес-конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со мислењето на ДКСК по Предлог законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 Д  во Република Северна Македонија, кое го достави до Собранието. (https://zoom.us/j/92744640160?pwd=U0xGcVBUd2RKcUgrVnpuT2V1eUs2dz09/11:00)

Скопје -  Прес-конференција по повод реконструкција на гимназијата „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, на која Град Скопје најавува обраќања на градоначалниците на Скопје, Петре Шилегов и на Ѓорче Петров, Александар Наумовски и на министерката за образование Мила Царовска. (Гимназија „Кочо Рацин“, Ѓорче Петров/12:00)

Скопје - Единствена Македонија ќе поднесе во Собранието Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за државјанство, по скратена постапка. (Изјава за медиумите пред службениот влез на Собранието/12:00) Демир Хисар - Трета Меѓународна научна конференција во Манастирот Свети Јован Претеча – Слепче. (Отворен простор во манастирскиот комплекс/12:00) Прилеп - Отворање на изложбата насловена „19” на академската уметница Христина Зафировска во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“. (Галериски простор/13:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини    

Остани поврзан