• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД
26 јули 2020 Скопје - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, составена од потпретседателот Горан Мисовски и Жаклина Пешевска, по повод 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје ќе положи цвеќе на Градските гробишта во Бутел. (10:00) Скопје - Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, а во чиј состав ќе бидат министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска ќе положи цвеќе на Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес во 1963 година на градските гробишта во Бутел. (10:00) Скопје – По повод 57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и делегација на Советот на Град Скопје ќе положат цвеќиња на Споменикот на жртвите од земјотресот на Градските гробишта во Бутел. (10:00) СкопјеПо повод 57-годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотека на Македонија и Македонскиот центар за фотографија премиерно ќе прикажат два документарни филмови: „Првата светска војна, сеќавања“ (WW1 REMEMBERING) 30 мин. на авторот Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени“ (Surviving Memories) 36 мин. на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. (21:00) Битола - Изложба „1000 години Бигорски манастир“ . (Културен центар Магаза / 20:00) Скопје - Прес-конференција на партијата „Единствена Македонија“. (Во седиштето на партијата на ул. „Даме Груев„ бр. 10/12:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан