• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
11 септември 2020
Битола - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, ќе изврши увид на проектите и промоција на набавките од истите во склоп на Програмата за рамномерен регионален развој во Новаци и Могила.(изјави во општина Новаци/10:00, изјави во општина Могила/10:45)
Битола - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе оствари работна посета на општина Битола и со градоначалничката Наташа Петровска ќе извршат увид во изградба на водоводни и канализациони линии во општина Битола. (изјави за медиуми на ул.„Партизанска“/11:30)
Скопје - Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе одржи прес конференција на која ќе го презентира новиот Јавен повик за доделување на финансиски средства преку иновациски ваучери. (Простории на ФИТР, ГТЦ, први кат наспроти Жена парк/10:00)
Битола - Здружението на граѓани - Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје во рамките на проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда”, финансиран од Европската Унија - EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, ја организираат втората иницијатива на Националната коалиција за изнаоѓање решенија за бројните проблеми на населението во населбата Баир. (х.„Епинал/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ). (пред Регулаторна комисија за енергетика/19:00)
Скопје - Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) ќе додели награди за периодот меѓу двата саема (мај 2019 – септември 2020). ( Промо центар на Саем на книгата/11:00)
Скопје - Прво издание на Скопскиот Градски фестивал (Skopje City Festival) во организација на Баги Комуникации. (Плоштад Мајка Тереза, плато пред МОБ/19:00)
_______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан